ИСОС препорача усогласување на цените на услугите и платите на сметководителите со инфлацијата и растот на останатите плати


Разгледувајќи ги барањата од членовите и тековните економски движења во земјата и во секторот, управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) донесе одлука да им препорача на сметководствените друштва и самостојните сметководители да ги усогласат цените на услугите што ги даваат кон правните лица, како и на платите на своите вработени, со […]

Верификуван преводот на меѓународните сметководствени стандарди, како основен предуслов за нивно воведување и примена во земјава


Фондацијата за меѓународни стандарди за финансиско известување (IFRS) и официјално ја одобри македонската верзија на меѓународните сметководствени стандарди. Со ова, ИСОС – Институтот за сметководители и овластени сметководители успешно го заокружи процесот на превод на меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ) и за финансиско известување за мали и средни субјекти (МСФИ за МСС), од англиски […]

ИСОС го закружува процесот на ажурирање и објавување на регистрите на професионални сметководители


За да се овозможи целосна имплементација на одредбите од Законот за вршење на сметководствени работи, со што се обезбедува подобра евиденција и управување со сите финансиски текови во земјата, Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) ја започна финалната фаза од процесот на ажурирање и објавување на податоците во регистрите на сметководители и овластени сметководители, […]

ИСОС започнува серија средби со сметководителите ширум земјата заради јакнење на професионалните стандарди


Од денеска до 28 ноември, управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) започнува серија средби со членовите на подружниците на Институтот ширум земјата. Целта на ваквите средби е, преку директна комуникација со професионалните сметководители, да се потврдат досегашните и да се утврдат идните чекори на патот кој води кон натамошно унапредување на […]