Кој беше убиениот лидер на Хамас?
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија е убиен денеска во Иран, објавија во одвоени соопштенија палестинската милитантна група Хамас и елитната иранска Револуционерна гарда. Исламистичката фракција вели дека жали за смртта на Ханија, кој е убиен во „предавничкиот ционистички напад врз неговата резиденција во Техеран“. Ханија вчера присуствуваше на церемонијата на полагање заклетва на новиот претседател […]