Голем интерес за субвенции за инвертер клима-уреди – рокот за аплицирање до 5 октомври


Голем интерес за субвенциите за набавка на инвертер клима-уреди што ги доделува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Според податоците на институцијата, заклучно со 12 септември годинава пристигнале вкупно 3.954 апликации во рамки на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија. Од нив, 2.375 апликации се поднесени од домаќинства со ниски приходи, а […]

До 25.000 денари субвенционира Битола купување инвертер клими


Општина Битола, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на домаќинствата, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени, ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените финансиски средства за инвертер клима уреди набавени во периодот од денот на објавувањето на овој […]

Субвенциите за инвертер клима уредите ќе бидат исплатени најдоцна за две недели


Субвенциите за инвертер клима уредите што беа дел од проект на минатата влада би требало да бидат исплатени за две недели, најави денес министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Одговарајќи на новинарско прашање на прес конференција посветена на првите 100 дена од функционирањето на министерството во рамки на Владата, таа рече дека […]

Објавен и веднаш заврши повикот за субвенционирање на инвертер клими во Охрид


  Прекинат е јавниот повик за субвенционирање на набавка на инвертер клима уреди поради исцрпување на предвидениот буџет информираат од Општина Охрид. Се известува јавноста дека поради големиот интерес и целосно исцрпување на предвидените средства од буџетот на општина Охрид, се прекинува јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување-инвертер […]

Во понеделник ќе биде објавен јавниот повик за субвенции за инвертер клима уреди – аплицирањето ќе биде онлајн


Градот Скопје во понеделник ќе го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување за 2022 година, а граѓаните ќе може да аплицираат онлајн. На повикот може да аплицираат лица што набавиле инвертер клима уреди почнувајќи од 01.01.2022 година и се жители на Град Скопје (општини Гази […]