Запрена продажбата на „Интерспорт“


  Полскиот фонд „Ентерпрајз инвесторс“ (Enterprise Investors) ја запре продажбата на најголемиот регионален синџир за спортска опрема „Интерспорт“ (Intersport), потврди партнерот на фондот Михал Кеџиа во интервју за „Дело“. Продажбата е стопирана бидејќи фондот не бил задоволен од пројавениот интерес, иако имало потенцијални заинтересирани. „Интерспорт“ е во портфолиото на полскиот фонд повеќе од пет години. […]