Со околу 14 милијарди денари ќе се финансираат инфраструктурни проекти во општините, потпишани договорите од вториот повик


Во Владата денеска се потпишани договорите со општините кои аплицираа и беа избрани на вториот повик за финансирање на инфраструктурни проекти. Потпишани се договори во вредност од околу 14 милијарди денари кои со средствата од првиот повик изнесуваат вкупно околу 20 милијарди денари со кои се финансираат вкупно 1.200 проекти.  За премиерот Христијан Мицкоски е […]

Бесими – Руе: Финансиската поддршка од ЕБОР клучна во повеќе инфраструктурни проекти


Капиталните инвестиции се еден од клучните приоритети во владината програма, порача министерот за финансии Фатмир Бесими на средбата со директорката на Европската банка за обнова и развој – ЕБОР за Централна и Југоисточна Европа, Шарлот Руе и шефот на Канцеларијата на ЕБОР во земјава, Анди Аранитаси. На денешната средба, информираат од Министерството за финансии, тема на […]

Стопанска комора бара одговорност за доцнењето на инфраструктурните проекти


  Стопанската комора на Северна Македонија бара одговорност од Владата за доцнењето и ненавремената реализација на инфраструктурните проекти. Како што беше речено денеска на прес-конференција, за бавната динамика предупредил и Заводот за ревизија. Според Комората, стопанството сака брза и ефикасна реализација, во одреден, дефиниран временски период. Не треба да се одобруваат инвестиции во непродуктивни проекти, […]

Ковачевски: Ги реализираме и инфраструктурните проекти кои поради лошо проектирање беа заглавени десетина години


Скопје, 30 јануари 2023 (МИА) – Повторно зголемување на платите и пензиите, амбициозен план за инвестиции, почеток на градежните работи на Коридорот 8, автопатско решение до Албанија и меѓу Прилеп и Битола, завршување на најголемите инфраструктурни проекти, браната Коњско, автопатот Кичево – Охрид.., се само дел од активностите за оваа година, најави денеска премиерот Димитар […]

Нуредини: Ќе се финансираат инфраструктурни проекти во Гази Баба, Арачиново и Богданци


  Владата на денешната седница, по предлог на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, ги усвои Информацијата за повеќегодишната јавна набавка за финансирање на активностите за изградба на фекална канализација во населеното место Страчинце, Општина Гази Баба, Информацијата за финансирање на активностите на Проектот – Регулација на дел од Ободен канал во […]

Што (ќе) се гради кон Бугарија


Скопје и Софија немаат ниту железничко, ниту авионско, ниту автопатско поврзување. Во најава или во тек се неколку проекти од наша страна што треба да обезбедат подобро поврзување на луѓето и бизнисот и зголемен обем на трговска размена. Во предлог програмата на Владата е наведено дека во првата половина на годинава ќе продолжи изградбата на […]