По казината, на ред се и канцелариите за брзи кредити, вели Мицкоски


Владата целосно стои зад Предлог – законот за игри на среќа со кои се воведуваат бројни ограничувања, изјави денес премиерот Христијан Мицкоски кој најави дека следен чекор ќе биде регулирањето на давањето брзи кредити. „Некако крај тие казина како по правило се отвораат канцеларии каде што се даваат брзи кредити, следно на што ќе работиме […]

Андоновски: Ги забрануваме првите 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа


Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски вчера гостуваше во емисијата „За или против’’ на Алфа телевизија, каде што соопшти една новина, а тоа е првиот налог за забрана на 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа. „Би сакал да истакнам една новина, го потпишав првиот налог за забрана на 53 нелегални приредувачи на онлајн […]

Четири лица переле пари и приредувале игри на среќа без лиценца


 Единицата за финансиски истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на МВР во координација со истражителите од истражниот центар на Основното јавно обвинителство за ГОКК вчера поради постоење основани сомненија за сторени кривични дела до ОЈО ГОКК поднела кривична пријава против четири лица и тоа: Ф.Д. (41) и Е.Д. (43) од Штип […]

Кривична за правно лице од Стар Дојран – приредувале игри на среќа без дозвола


МВР информира дека Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против правно лице од Стар Дојран и К.К.(72) од Скопје, сопственик и управител на правното лице, поради постоење основи на […]

Собранието не го прифати Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри, во прво читање


Собранието во рамките на поладневниот дел од работата по дневниот ред од 14-тата седница ја заврши расправата за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри, во прво читање, предложен од пратениците од Европскиот фронт, и со 64 гласа „за“ и 13 „против“ заклучи дека не е прифатлив […]

„Висат“ лиценците за приредување игри на среќа на две друштва


Министерството за финансии иницираше постапка до Владата за одземање лиценца за приредување игри на среќа на две друштва заради неисполнување на условите од издадената лиценца за приредување игри на среќа. Како што информира министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, кај двете друштва е констатирано дека не се платени давачки утврдени со Законот за игри на […]

ДУИ му порача на Таравари да затвора игри на среќа во Чаир, Меџити бил против Законот


Демократската унија за интеграција преку соопштение до медиумите му порача на претседателскиот кандидат на опозицијата, Арбен Таравари, да затвора игри на среќа во Чаир, како и дека неговиот коалициски партнер Изет Меџити бил против донесување на законот.  Таравари деновиве изјави дека „опозициската коалиција веднаш и целосно ќе го забрани коцкањето во Македонија“. Како што наведува […]

Спречен шверц на апарати за игри на среќа на царинската испостава Гевгелија


Девет апарати за игри на среќа, како и 405 делови за одржување, се запленети откако увозник се обидел да ги прошверцува помеѓу пријавена стока за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија. Како што соопшти Царинската управа, апаратите заедно со деловите за одржување се откриени при детална контрола којашто е извршена од страна на Мобилен тим […]

Протест против измените на Законот за игри на среќа: Пратениците да размислат што ќе изгласаат


Неколку стотини вработени и припадници на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа во автомат клубови и казина (АПИС) и на Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ), денеска протестираа пред Собранието и ја блокираа улицата „11-ти Октомври” против носењето на новиот предлог Закон за игри на среќа. На протестот тие апелира до пратениците добро да размислат […]

За осум месеци Грците потрошиле 22,7 милијарди евра на игри на среќа


На игри на среќа, односно казина, онлајн казина, лотарии и слично, во првите осум месеци од годинава, Грците потрошиле 22,7 милијарди евра, според податоците од Комисијата за надзор и контрола на игрите, кои ги пренесува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Весникот коментира дека драматично се зголемуваат износите што Грците ги обложуваат […]

АСОМ предлага други решенија наместо дислокација на објектите за игра на среќа


Сива економија, крах на една индустрија и играње игри на среќа на црно, ќе предизвикаат новите измени на Законот за игри на среќа и забавни игри на автомати, оценуваат од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ). Тие на денешната прес-конференција побараа отворена јавна дебата со цел да се донесе соодветно законско решение кое ќе […]

Стопанска комора: Да се повлече новиот закон за игри на среќа


Групацијата за игри на среќа при Стопанската комора на Северна Македонија уште еднаш јавно го изразува ставот на приредувачите на игри на среќа во пресрет на носењето на новиот закон за игри на среќа кој се наоѓа во собраниска процедура (изгласан на седница на Влада на 21 февруари 2023). За членките на Групацијата, постапката која […]

АПИС: Измените на Законот за игри на среќа значат укинување на 10 илјади работни места


  Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) смета дека со предложените измени на Законот за игри на среќа и забавни игри, Владата го отпочна процесот на затворање на игрите на среќа во земјава. Тие предупредуваат дека ќе им се укине работата на 10 илјади луѓе и ќе го осиромаши државниот буџет за 280 […]

Приведени две лица во акциска контрола во Тетовско за приредување игри на среќа без дозвола


Полициски службеници на СВР Тетово, синоќа околу 22.30 часот ги лишиле од слобода Д.С.(32) од тетовско Јанчиште и З.С.(38) од тетовско Подбреѓе, осомничени дека сториле кривично дело „приредување игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган“, казниво по член 156 од Законот за игри на среќа и забавни игри. Во акциска контрола реализирана […]

Уставниот суд утре ќе расправа за иницијативите за Законот за игри на среќа и за ковид-протоколите


Уставниот суд за утре закажа седница на која ќе биде разгледана иницијативата поднесена на член од Законот за игрите на среќа и за забавните игри. Подносител на иницијативата, како што информираат од Уставен, е Адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска, кое смета дека Републиката има воспоставено монопол на електронски и интернет игри на среќа, односно […]