Новоизбраните вицегувернери на Народната банка дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Гаши


Вицегувернерите на Народната банка, Ана Митреска и Игор Величковски, денеска дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши, со што официјално стапија на функциите. Собранието вчера ги избра Митреска и Величковски за вицегувернери на Народната банка со мандат од седум години по предлог на гувернерот Трајко Славески. Ана Митреска е реизбрана за втор мандат […]

Вицегувернерите на Народна банка Ана Митреска и Игор Величковски ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието


Вицегувернерите на Народната банка, Ана Митреска и Игор Величковски денеска ќе дадaт свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. Собранието вчера ги избра Митреска и Величковски за вицегувернери со мандат од седум години, на предлог на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Ана Митреска е реизбрана за втор мандат на функцијата вицегувернер, откако првпат […]

Собранието ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка


На предлог на гувернерот на Народната банка Трајко Славески, Собранието ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка, коишто ќе ја извршуваат оваа функција во наредните седум години. Ана Митреска е реизбрана за втор мандат на функцијата вицегувернер, откако првпат беше именувана во октомври 2018 година. Таа е магистер по монетарна […]

Повеќе од половината од плаќањата во евра кон земјите членки на СЕПА се преку платежната шема во СЕПА


„По приклучувањето на земјата кон СЕПА (Единствената област за плаќања во евра) во октомври 2025 година, се забележува значително зголемен интерес и користење на услугите од страна на компаниите и граѓаните. Според податоците на Народната банка од банките, повеќе од половината од бројот на плаќања во евра кон земјите членки на СЕПА веќе се вршат […]

Величковски од Народната банка: Финтек-решенијата отвораат нови можности за трговците и граѓаните


Новата правна рамка за платните системи во земјава создаде основа за зајакнување на конкуренцијата во платежната индустрија и намалување на трошоците за прифаќање дигитални плаќања во малопродажбата. Во своето излагање на конференцијата во организација на „Блумберг Адрија“, директорот на Секторот за операции на финансиските пазари и платни системи при Народната банка, Игор Величковски, посочи дека […]

Приливите од странство ќе им бидат на располагање веднаш на граѓаните и на компаниите со влезот во СЕПА


„Влезот во СЕПА (Единствената област за плаќања во евра) ќе овозможи побрзи и поевтини плаќања во двете насоки, како за одливи, така и за приливи. Притоа, Народната банка веќе презема активности за олеснување на извршувањето и на приливните плаќања, вклучувајќи ги и приливите врз основа на доход којшто се остварува во странство. Во таа смисла, […]

Со влезот во СЕПА, трошоците за граѓаните и компаниите при прекуграничните плаќања значително ќе се намалат


„Со приклучувањето кон Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА) прекуграничните плаќања ќе бидат многу побрзи, поедноставни и поевтини, значително ќе им се намалат трошоците на домашните банки, а тоа ќе значи и помали надоместоци за граѓаните и компаниите. Современите платни системи се клучни за јакнењето на економските врски, особено за микропретпријатијата и малите претпријатија […]

Пристапот до СЕПА ќе овозможи побрзи трансфери во евра и пониски трошоци: Интервју со Игор Величковски од НБ


Народната банка започна активности чија крајна цел е поефикасно и поевтино извршување на плаќањата во евра во рамки на таканаречената Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Кога ќе може граѓаните и фирмите да ги користат овие поволности, како и што се е потребно за да се исполнат бараните стандарди, разговаравме со директорот на Дирекцијата […]

Рамковните договори со банките се клучна алатка за заштита на потрошувачките права


Граѓаните во кое било време можат да ги затворат платежните сметки и платежните картички, при што банките не смеат да наплатат надоместок за тоа, доколку договорот којшто клиентот го има со банката е постар од шест месеци. На барање на клиентот, банката е должна веднаш да ја затвори сметката, но доколку во договорот е предвиден […]

Банките не смеат да наплатуваат за затворање платежна сметка, дебитни и кредитни картички


Банка не смее да наплаќа надоместоци за затворање на платежната сметка, ниту, пак, надоместоци за затворање дебитни или кредитни картички, доколку рамковниот договор којшто го има граѓанинот со банката е постар од шест месеци. Банката е должна веднаш да ја затвори сметката на барање на граѓанинот, или, пак, доколку во договорот е предвиден отказен рок, […]

Со новата алатка граѓаните полесно ќе ги споредуваат надоместоците што ги наплатуваат банките


„Податоците коишто ги објавуваат банките и терминологијата којашто ја користат во тарифниците за услугите што ги наплатуваат, иако се детални и сеопфатни, сепак не се стандардизирани, ниту унифицирани и за граѓаните не се лесно споредливи. Оваа тешкотија за граѓаните се надмина со донесувањето на Законот за платежни услуги и платни системи и подзаконските акти на […]

Се ограничува висината на надоместоците меѓу давателите на платежни услуги за плаќањата со платежни картички на ПОС-уредите


  „Новиот Закон за платежни услуги и платни системи им овозможува повисока заштита како на граѓаните, така и на фирмите. Тој предвидува јасно информирање на граѓаните пред потпишувањето рамковен договор со давателите на платежни услуги за условите и висината на надоместокот за нивното користење. За првпат се врши и ограничување на висината на надоместоците коишто […]

Што доколку ја загубите или ви ја украдат картичката: Еве што предвидува новиот Закон за платежни услуги


  Доколку граѓанинот ја загуби или му е украдена платежната картичка, при што со неа се извршени трансакции коишто не ги авторизирал тој, законски се ограничува износот до кој граѓанинот може да ги покрие загубите и тој изнесува најмногу 1.200 денари. Ова го предвидува новиот Закон за платежни услуги и платни системи, во кој заштитата […]