ИДФ убија четворица оперативци на Хамас откако излегле од тунел во Газа


Израелските одбранбени сили (ИДФ) убија четворица оперативци на Хамас денес откако излегоа од тунел на југот од Појасот Газа, објави армијата. Оперативците биле забележани како излегуваат од тунел во источниот дел на Рафа, област контролирана од ИДФ, каде што се верува дека десетици борци на Хамас се заробени под земја, објави „Тајмс оф Израел“. Според […]

ИДФ се подготвуваат за повлекување на трупите од Газа


Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека почнале подготовки за делумно повлекување на трупите од Појасот Газа, како дел од договорот за заложници и прекин на огнот со Хамас. Во соопштение на војската се наведува дека „според директивите на политичкото раководство и во согласност со проценката на ситуацијата, ИДФ почна оперативни подготовки за спроведување на договорот“. […]

ИДФ: Убиен водачот на Муџахединските бригади во Газа


 Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет го убија водачот на милитантната група Муџахедински бригади во Појасот Газа, за време на операции во тој регион минатата недела, соопшти денеска ИДФ. Во соопштението се наведува дека Мусбах Салим Мусбах Дајах, кој бил убиен во Нусеират, бил вмешан во регрутирање членови на Западниот Брег и во терористички […]

ИДФ погодиле складишта за ракети земја-земја во централен Иран


Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека вчера погодиле складишта за ракети земја-земја во централен Иран, на околу 2.200 километри од израелската територија. Портпаролот на Израелските одбранбени сили, Ефи Дефрин, изјави дека се погодени магацини во градот Јазд, објави Си-Ен-Ен. -Во текот на целиот ден, продолживме да ги ослабуваме капацитетите на Иран, извршувајќи сеопфатен напад врз […]

Зошто нема видеа од напади врз израелски воени објекти: ИДФ забрани објавување на социјалните мрежи


Откако Иран одговори на нападот на Израел, израелската војска (ИДФ) забрани споделување фотографии и видеа од паѓање ракети. Израелската армија изјави дека објавувањето на материјалот „му помага на непријателот“ „Важно известување! Дали ги споделивте локациите на ракетите или сликите од погодените области? Му помогнавте на непријателот! Одговорноста е во наши раце, ние не ги откриваме […]

ИДФ изврши напад со дронови врз група оперативци на Хамас кои оперирале од поранешно училиште


Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека неодамна извршиле напад со дрон врз група оперативци на Хамас кои оперирале од поранешното училиште во Џабалија во северниот дел на Газа. Според израелската војска, оперативците на Хамас ја користеле училишната зграда Халава за планирање и извршување напади врз војниците во Газа и Израел, јави Тајмс оф Израел. […]

Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа


Јоав Галант, сменетиот министер за одбрана на Израел, наводно им рекол на семејствата на заложниците дека нема причина ИДФ (Израелските одбранбени сили) да останат во Газа. Според извештаите на медиумите во Израел, Галант рече дека тој и началникот на израелската армија, Херзи Халеви, се скептични во врска со тврдењата дека има безбедносно и дипломатско оправдување […]

ИДФ: Убиен е Махмуд ал-Мабух , командант на единицата за дронови на Хамас во Газа


Израелската армија тврди дека во воздушен напад го убила командантот на единиците за беспилотни летала на Хамас во северниот дел на Газа, Махмуд ал-Мабух.  Според соопштението на ИДФ, Ал-Мабух бил одговорен за нападите со дронови врз Израел и израелските војници во Газа, пренесува „Тајмс оф Израел“.  ИДФ, исто така, соопшти дека ликвидирала оперативци на Хамас […]

Израелските сили се обидуваат да влезат во јужниот либански град Одаисеј, експлозии и во Бејрут


Либанското милитантно движење Хезболах утринава соопшти дека продолжуваат борбите против израелските сили на границата, а сведоци од Бејрут јавуваат дека во либанскиот главен град повторно се слушаат експлозии. Британските медиуми го цитираат милитантното движење кое утринава објави дека ИДФ се обидува да влезе во јужниот либански град Одаисеј и дека во тек се жестоки борби. […]

Израелската армија синоќа изврши 11 напади врз бејрутското предградие Дахија


Израелската армија (ИДФ) синоќа изврши 11 напади врз јужното предградие на главниот град на Либан, Бејрут, што е бастион на Хезболах. Нападите беа извршени врз предградието Дахија, а мета на нападите беше Хашем Сафиедин, наводниот наследник на убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала. Не е позната судбината на Сафиедин. Тоа беше еден најсилен напад од […]

Израелската армија започна „ограничена” копнена операција во Либан


Израелската армија соопшти дека започнала „ограничена и локализирана“ копнена операција против Хезболах во јужен Либан, јави ДПА. Израелските одбранбени сили (ИДФ) започнаа „целни копнени напади врз основа на прецизни разузнавачки информации“, соопшти армијата на социјалната мрежа Х. „Целите се наоѓаат во села во близина на границата и претставуваат непосредна закана за израелските заедници во северен […]

ИДФ го елиминира лидерот на Хамас во Либан


 Лидерот на Хамас во Либан, Фатех Шериф Абу ел Амин загина заедно со неколку членови на семејството при израелски напад врз јужниот дел на земјата. Соопштението на Хамас за смртта на Амин уследи откако палестинската милитантна група Народен фронт за ослободување на Палестина (ПФЛП) утрово соопшти дека тројца нејзини членови се убиени при израелски напад […]

Најмалку 22 жртви во напад врз училиште во Газа за кое ИДФ тврди дека било команден центар на Хамас


Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нападнале команден центар на палестинската милитантна група Хамас, сместен во зграда во центарот на Газа, која претходно се користела како училиште. – Центарот за команда и контрола, кој беше вграден во комплексот што претходно служеше како училиште „Калед ибн ал-Валид“, беше користен од терористите на Хамас за планирање и […]

Израелската армија ги повика Палестинците да ги евакуираат крајбрежните населби во северниот дел на Газа


Израелската армија ги повика Палестинците во крајбрежните населби во северниот дел на Газа да ја евакуираат областа додека ја продолжува операцијата во Џабалија. Портпаролот на Израелските безбедносни сили (ИДФ) на арапски јазик, Авичај Адри, објави список на нови зони што треба да се евакуираат, а на палестинските цивили им беше кажано да се преселат во […]

ИДФ: Во нападот врз Џенин елиминиран „влијателен екстремист“


 Израелските безбедносни сили (ИДФ) денеска соопштија дека вчера извршиле напад врз палестински „оперативен центар“ во Џенин, Западен Брег и ликвидирале „влијателен и баран екстремист“. Во соопштението на ИДФ се наведува дека е елиминиран екстремистот Ислам Хамајс, одговорен за повеќе напади во Западен Брег. Бригадата Ал Кудс, военото крило на Исламски џихад, го потврди убиството на […]

ИДФ воспоставија контрола врз палестинската страна на преминот Рафа, соопшти израелското армиско радио


Израелските сили (ИДФ) воспоставија контрола врз палестинската страна на граничниот контролен премин Рафа, што се наоѓа на границата на Појасот Газа со Египет, јавија британските медиуми, повикувајќи се на соопштение на израелското армиско радио. Портпаролот на граничните власти на Газа изјави за британските медиуми дека контролниот пункт од палестинска страна е затворен поради присуството на […]

Израелската армија ослободила двајца заложници, најмалку 60 загинати во напад на Рафа


Израелската армија соопшти дека ослободила двајца заложници за време на рација на нејзините специјални сили синоќа во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа. Заложниците биле однесени во болницата Шеба во централниот дел на Израел каде што биле прегледани и било утврдено дека се во добра состојба. Според Си-Ен-Ен, и двајцата заложници биле киднапирани од […]

Израел влегува во нова фаза на војната. Дали сè уште се обидува да го „уништи“ Хамас?


  Пред три месеци, зборувајќи пред граѓаните потресени од ужасниот ден на напади на Хамас, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даде ветување. „ИДФ веднаш ќе ја употреби сета своја сила за да ги уништи капацитетите на Хамас“, рече Нетанјаху. „Ќе ги уништиме“. Сега, израелските одбранбени сили (ИДФ) се префрлаат во нова фаза од својата војна против […]

Од почетокот на конфликтот, 425 израелски војници се убиени, 1.593 ранети


Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека од 7 октомври досега се убиени 425 израелски војници, а 1.593 се ранети, според новоотворената веб-страница која го ажурира бројот на загинати и ранети војници за време на војната со Хамас. Од 1.593 ранети, 255 се тешко ранети, 446 со полесни повреди, а 892 се полесно ранети, објави […]

Под џамија во Газа војниците на ИДФ пронашле работилница за изработка на ракети на Хамас


 Израелската армија (ИДФ) ноќеска соопшти дека под џамија во населбата Зејтун, во градот Газа, пронашла работилница што наводно палестинската милитантна група Хамас ја користи за производство на ракети. -Џамијата, во областа Зејтун, се користела како лабораторија за производство на оружје, изјави на прес конференција портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, пренесува „Тајмс оф Израел“.  Портпаролот додаде […]