Сценско-музичкиот спектакл „И тетовските глумци поа“ ја наполни салата во тетовскиот Центар за култура
Тетовските актери од драмското студио покажаа дека знаат да „поа“ (пејат) исполнувајќи десетина нумери познати како филмска музика, а полната сала е доказ дека ова осмо по ред издание на манифестација ги исполнува сите услови за престижен културен настан. Со поддршка на музичката група Дрим Тим тетовските актери испеаја повеќе песни меѓу кои и […]