Хутите истрелаа два проектила врз трговски бродови во Црвеното Море
Јеменските Хути, поддржани од Иран, истрелаа две ракети доцна синоќа кон трговски бродови кои патуваа во Црвеното Море во близина на стратешкиот теснец Баб ел-Мандеб, соопшти американската војска по извештајот на британската агенција за поморска безбедност УКМТО. УКМТО првично извести за експлозии во близина на товарен брод што пловел меѓу бреговите на Еритреја и Јемен. […]