Хрватски дипломат прогласен за персона нон грата во Србија


Министерството за надворешни работи на Србија денеска го прогласи за персона нон грата првиот секретар во Амбасадата на Република Хрватска во Белград, Хрвоје Шнајдер. „За време на неговиот професионален ангажман во Република Србија, Шнајдер грубо излезе од опсегот на дипломатските норми и го прекрши член 9 од Виенската конвенција, со кој се уредуваат дипломатско-конзуларните односи. […]