Русија протерува холандски и белгиски дипломати


 Русија денеска протера 15 холандски и неодреден број белгиски дипломати, прогласувајќи ги „персона нон грата“, јави турската агенција Анадолија. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека станува збор за 14 вработени во холандската амбасада во Москва и еден вработен во холандскиот конзулат во Санкт Петербург. Дипломатите имаат рок од два дена да ја напуштат Русија. […]