Во Јужна Кореја евакуирани илјадници луѓе поради тајфунот Хинамнор


  Околу 3.500 луѓе се евакуирани, а приближно 15.000 лица се предупредени да не ги напуштаат домовите поради налетот на тајфунот Хинамнор врз Јужна Кореја. Тропскиот циклон, пропратен со силен ветер и врнежи од дожд утрово стигна до јужниот брег на Јужна Кореја, што предизвика поплави и лизгање на земјиштето. На јужниот остров Џеџу оштетени се неколку згради и друга инфраструктура. […]