Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош


Секторот Инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Green road, денеска спроведе редовна акција за подигнување на отпадните (хаварисани) возила од јавните површини на територија на локалната самоуправа. Акцијата, како што информираат од општината, се одвиваше во реонот на урбаната заедница „Владо Тасевски“ каде беа отстранети неколку отпадни возила со регистарски таблички, за […]

Зонското ќе стигне и до Ново Лисиче, општината подигнала само 15 хаварисани возила


Хаварисаните возила кои со години стојат на паркинзите низ Општина Аеродром се проблем затоа што зафаќаат паркинг-места, но сега го отежнуваат и обележувањето на местата, што општината се подготвува да го направи во Ново Лисиче, откако реши зонското паркирање во Реонски центар и во Ново Лисиче да почне едновремено.    Вчера, на влезните врати во […]

ПОЦ собра 120 хаварисани возила


Во изминатата година, ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ успешно отстрани над 120 хаварисани возила од јавните површини на територијата на oпштина Центар. Со оваа акција, претпријатието продолжува да придонесува кон создавање на почиста, побезбедна и поурбана животна средина за сите граѓани. „Нашата цел е целосно да го ослободиме Центар од хаварисани возила кои ја нарушуваат […]

Гази Баба собира хаварисани возила – сопствениците казнети


Општина Гази Баба започна акција за подигнување на отпадните возила оставени на јавни површини, кои подолг период ги узурпираат тротоарите, улиците и паркинг местата во општината.   Акцијата ја спроведува Инспекторатот на Општина Гази Баба и ќе трае сè до целосно отстранување на сите возила за кои се води постапка согласно Законот за постапување со […]

И Ѓорѓиевски во Кисела Вода ќе „крева“ хаварисани возила


Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, информираше дека во соработка со GREEN ROAD ДОЕЛ, како и во консултација со Министерството за внатрешни работи, започнува со  обемна активност за системско решавање и отстранување на хаварисаните/отпадни возила од јавните површини на територијата на општината. Како што нагласи, ова особено важи за оние кои паркинзите ги узурпираат […]

Отстранети 70 хаварисани возила во општина Центар


 Седумдесет напуштени и хаварисани возила досега се отстранети од јавните површини на подрачејто на Општина Центар во рамки на акцијата што општината ја спроведува во соработка со ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и МВР, информираа од Општина Центар. Општинските служби поставиле опомени на 95 возила, од кои 30 се подигнати од Пајак-службата на ПОЦ, 20 […]

Карпош ќе ги отстранува хаварисаните возила


Општина Карпош е прва општина која потпиша договор со колективен постапувач за отстранување на отпадни (хаварисани) возила.  Општина Карпош на 11.11.2024 год склучи Договор за соработка со колективниот постапувач ДУО Греен Роад ДООЕЛ, Скопје за собирање, регулирање и отстранување на отпадни (хаварисани) возила на јавни површини на територија на локалната самоуправа. Инспекторатот на Општина Карпош […]

Ќе се отстрануваат хаварисаните возила во Аеродром


Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и директорот на ЈП „Градски паркинг“ Бојан Христовски денеска потпишаа договор за поделба и утврдување на меѓусебните надлежности со што значително ќе се олесни начинот за остранување хаварисани возила и возила паркирани на плочници и зелени површини. Со овој договор, комуналните инспектори од Општина Аеродром добиваат овластување да побараат […]

До крајот на март да се отстранат сите хаварисани возила во Кисела Вода


Општина Кисела Вода известува дека во вторник, 15.03.2022 година, во заедничка соработка со ПСОН –Кисела Вода и РСБСП- Скопје, започнува со акција за изрекување на опомени до имателите на хаварисани возила за отстранување на моторното возило поради попречување на одвивање на сообраќајот и загрозување на човековата околина. Доколку возилото и покрај опомената, не биде отстрането […]