Украина: Проектил погоди станбена зграда во Харков, едно лице загина


  Проектил вчера погоди станбена зграда во украинскиот град Харков, при што загина едно лице, соопшти регионалниот гувернер Олех Синехубов. „Според ажурираните информации, едно лице загинало како последица на удар на руска ракета во станбена зграда“, напиша Синехубов на Телеграм. Засега нема информации колку лица се повредени. Службите за итна помош се на терен, за […]

Украинската полиција откри логори за мачење во ослободениот Харков


Локалните власти вчера соопштија дека откриле 25 кампови за мачење во областа околу источниот украински град Харков од неговото ослободување од руската окупација, јави ДПА. Во логорите, руските трупи апселе и мачеле цивили под нехумани услови, меѓу другото, изјави началникот на регионалната полиција Володимир Тимошко во објава на Фејсбук. Некои од затворениците биле мачени со […]

Штетата за животната средина во регионот Харков надмина 2,7 милијарди американски долари


Руските напади предизвикаа еколошка штета во регионот Харков од над 2,7 милијарди американски долари, соопшти локалното обвинителство. – Воените дејствија што ги спроведува Руската Федерација предизвикуваат непоправлива штета на животната средина, велат претставници на обвинителството, додавајќи дека поради нападите, почвата и вегетативната покривка се уништуваат, животните умираат, воздухот и водата се загадени, шумите се уништуваат, а земјата е преполна со остатоци […]

(Видео) Експлозии во Харков и Запорожје


 Низа експлозии одекнаа изутринава во Харков и Запорожје, соопштија локалните власти. Проектили погодија индустриски објект во Харков, информираше градоначалникот Ихор Терехов. Како што појасни тој, спасувачите допрва треба да го утврдат обемот на штетата и дали има загинати лица. Zaporizhzhia now pic.twitter.com/brxc2d73xA — ТРУХА⚡️English (@TpyxaNews) October 21, 2022 Според регионалниот гувернер на Харков, Олех Синегубов, […]

Киев: Руските сили во регионот на Харков претрпеа значителни загуби, војници дезертираат


Војската на Украина соопшти дека руските сили во регионот на Харков претрпеле значителни загуби, поради што некои војници дезертирале и ги соблекле униформите за да не бидат препознаени од цивилите. – Некои непријателски единици претрпеа значителни загуби, соопшти денеска Генералштабот на украинските вооружени сили. – Војниците дезертираат во цивилна облека и се обидуваат да се вратат на територијата на […]

Украинската војска се пробила 50 километри кај Харков и ослободила 20 населби


  Украинската војска соопшти дека нејзините сили успеале да напредуваат 50 километри во регионот Харков, ослободувајќи 20 населени места во нивната контраофанзива. „Воените единици навлегоа во одбраната на непријателот до длабочина до 50 километри“, рече на брифинг во Киев Олекси Хромов, заменик-шеф на главниот оперативен директорат на Генералштабот на вооружените сили на Украина. „Во голем […]

Изненадувачки контранапад на Украина во регионот на Харков


  Украина започна ненадеен контранапад во североисточниот регион Харков, изложувајќи ги руските сили на притисок кои исто така се соочуваат со украински напади на југ. Официјален претставник на Народната република Донецк, контролирана од Русија, изјави во вторникот дека украинските сили „го опколиле“ Балаклија, источен град со 27.000 луѓе сместен меѓу Харков и Изјум, окупиран од […]

Харков повторно гранатиран, ноќеска загинале три лица


 Руските сили утрово извршиле напади врз Харков при што е уништена една станбена зграда во централниот дел на градот, соопшти денеска украинскиот гувернер на регионот Олех Синехубов. Тој информира дека „се разјаснуваат информации за евентуални жртви“ и оти во моментов нема хоспитализирани луѓе. Синехубов претходно информира дека три лица загинаа во ракетен напад врз регионот Харков […]

Гувернер на Харков: Во руско гранатирање убиени се 15 лица, а 16 се повредени


Петнаесет лица, меѓу кои и осумгодишно дете, загинаа во руско гранатирање во регионот Харков (североисточна Украина), изјави синоќа Олег Синегубов, гувернер на регионот. – Петнаесет луѓе загинаа, а 16 се повредени. Ова се ужасни последици од руското гранатирање сред бел ден во областа Харков, соопшти Синегубов, додавајќи дека овие лица биле жртви на четири одделни […]

Во Харков руските сили користат забранета касетна муниција, покажува извештај на „Амнести интернешнал“


Последните анализи спроведена од „Амнести интернешенал“ потврдуваат широка употреба на забранета касетна муниција во борбите за Харков, во североисточна Украина. Британскиот јавен сервис „Би-Би-Си“ пишува дека во реонот на Харков се убиени стотици цивили токму при неселективно гранатирање извршено од руските сили со употреба на касетна муниција. Експертите на „Амнести интернешнал“ на чиј извештај се […]

Бебе меѓу осумте жртви при гранатирање на Харков


Загинаа осум лица, меѓу кои и петмесечно бебе, при гранатирање на вториот најголем град во Украина, Харков. Повредени се 17 лица. Три други лица настрадаа во руските напади на областа Лисичанска, источен град каде, заедно со Северодоњецк, руските сили ја фокусираат агресијата изминатите денови. Гувернерот на Харков, Олег Шинехубов информираше за загинати двајца мажи на […]

Украина ја доби битката за Харков


  Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, изјави за Би-Би-Си дека Русите се повлекле од областа на градот Харков во правец на руската граница. Тој вели дека руските трупи само еднаш успеале да влезат во мал дел од клучниот североисточен град и не биле таму долго време. „Русите постојано го гранатираа Харков бидејќи беа многу блиску […]

Жестоки борби во регионот на Харков, информира регионален гувернер


 Украинскиот град Харков денеска е цел на напади и во регионот се водат „жестоки битки“, изјави регионалниот гувернер Олег Синегубов. Како што пренесува Би-Би-Си, тој вели дека руските војници зад себе оставиле „стапици“ и ги повика жителите да останат во засолништата и „да не брзаат кон ослободените населби“. – Непријателот е подмолен и прави сè […]

Легендарниот архитект Фостер ќе помогне во реконструкцијата на Украина


  ЖЕНЕВА – Познатиот британски архитект Норман Фостер ќе помогне во планирањето на реконструкцијата на Украина од уништувањето предизвикано од руската инвазија, изјавија официјални лица во петокот додека ја изложија работата на работната група на Обединетите нации што го координира проектот. Харков, вториот по големина град во Украина, кој беше погоден од руско бомбардирање, ќе […]

Украинските војски ги потиснаа Русите кај Харков


  Украина ја потисна војската на Владимир Путин од вториот по големина град, Харков, во успешен контранапад, а мртви тела на руски војници беа пронајдени наредени во грозна Z шема – симболот на нејзината инвазија – во повторно заземено село. Украинските војници во понеделникот успеаја да го вратат градот Стари Салтив оддалечен околу 50 милји, […]

Оштетен нуклеарен истражувачки објект во Харков


Украина пријавила до Меѓународната агенција за атомска енергија дека нуклеарен истражувачки објект, каде се произведуваат радиоизотопи за медицински и индустриски цели, бил оштетен од руското бомбардирање во градот Харков. Тоа го потврди генералниот директор на МААЕ, Рафаел Мариано Гроси, истакнувајќи дека бомбардирањето не предизвикало зголемување на нивото на радијација на локацијата. „Мораме да дејствуваме сега […]

Ракетиран албанскиот почесен конзулат во Харков


Зградата во која работеше почесниот конзулат на Албанија во украинскиот град Харков синоќа беше погодена од руски ракети, соопшти Министрството за Европа и надворешни работи. „Во нападот немаше повредени или жртви. Осудувајќи го нападот, албанскиот конзулат потврдува дека неговиот персонал е безбеден“, се наведува во објавата на Твитер. Во врска со овој тежок инцидент остро […]

Украинците тврдат дека ја вратиле контролата врз градот Чурхиев, во близина на Харков


Украинските безбедносни сили тврдат дека ја вратиле контролата врз градот Чурхиев, југоисточно од Харков.   Украинскиот Генералштаб на Фејсбук објави дека армијата го презела градот од руските војници и им нанела големи загуби на руските сили за време на битката.   Украинските власти исто така тврдат дека во битката за овој град загинале двајца високо […]

Руската армија продолжува со тешките напади – сега и со крстосувачки ракети


  Руската страна ја води војната во Украина со зголемена сериозност. Во текот на ноќта имаше бројни напади, особено на поголемите градови Харков и Киев. Според извештаите на агенциите, користени се и руски крстосувачки ракети. Според извештаите од Харков, биле бомбардирани и куќи и загинале многу цивили. Според руските информации, се вели дека армијата ја […]

Уништен конзулатот на Словенија во Харков


Конзулатот на Словенија е уништен во денешниот ракетен напад на руските сили на Плоштадот Слобода во Харков, објави на Твитер шефот на делегацијата на Европската унија во Украина, Мати Масикас. – Како колатерална дипломатска штета е уништен и словенечкиот конзулат во Харков“, напиша Масикас, заедно со видеото на кое се гледа како проектил ја погодува […]