Бројот заразени со хантавирусот се искачи на 13


Бројот потврдени случаи на инфекција со хантавирус поврзани со првичното избувнување на заразата на холандскиот крузер се зголеми на 13, соопшти денеска Светска здравствена организација (СЗО). Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, на платформата „Икс“ наведе дека Шпанија пријавила нов случај кај патник во изолација, со што вкупниот број на заразени се искачи на […]

Француската министерка за здравство: Неизвесно е дали хантавирусот на крузерот мутирал


Француската министерка за здравство Стефани Рист денеска изјави дека сè уште не се познати сите детали за хантавирусот откриен на крузерот „Хондиус“, вклучително и тоа дали тој мутирал, иако официјалните лица во моментот се „релативно спокојни“. – Постојат нешта што не ги знаеме за овој вирус. Сè уште ја немаме целосната секвенца на вирусот што […]

Досега се потврдени шест случаи на хантавирус, два се веројатни, објави СЗО


До вчера, шест случаи на хантавирус се потврдени од осум сомнителни случаи пријавени по епидемијата на крузерот MV Hondius во Атлантскиот Океан, објави Светската здравствена организација (СЗО). „До 8 мај, пријавени се вкупно осум случаи, вклучувајќи три смртни случаи (стапка на смртност од 38 проценти). Шест случаи се лабораториски потврдени како инфекција со хантавирус, од […]

Андоновска: Нема простор за паника бидејќи не постои опасност од појава на хантавирусот во Македонија


Нема простор за каква било паника бидејќи не постои опасност од појава на хантавирусот, ниту ризик за македонските граѓани, што е најважно во овој момент. Секторот за епидемиологија при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на дневна основа е во комуникација со Светската здравствена организација (СЗО) и со Европскиот центар за контрола на болестите, така што […]

Евакуацијата од крузерот погоден од хантавирус ќе започне в понеделник од Тенерифе


Евакуацијата на патниците од крузерот на кој избувна епидемија на хантавирус ќе започне в понеделник од Тенерифе на Канарските Острови, соопшти шпанското Министерство за внатрешни работи. Се очекува бродот да пристигне на Канарските Острови во сабота. Тенерифе е најблиското пристаниште до кое моментално се наоѓа крузерот. Во меѓувреме, аргентинските власти соопштија дека холандската двојка која […]

Емотивно видео на патник на крузерот со хантавирус: Ние не сме само наслови, ние сме луѓе кои имаат семејства


Инфлуенсерот за патувања Џејк Розмарин е на крузерот MV Hondius во Атлантскиот Океан, кој е ставен во карантин по сомневање за појава на хантавирус, ретка, но потенцијално сериозна болест. На бродот има околу 150 патници и членови на екипажот кои се изолирани со денови, додека медицинските тимови ја следат ситуацијата и се обидуваат да спречат […]

СЗО: Можно е пренесување на хантавирусот од човек на човек на крузерот


Светската здравствена организација (СЗО) верува дека се случило пренесување на хантавирус од човек на човек на крузерот во Атлантикот, изјави епидемиолог на СЗО, Марија Ван Керхове, на прес-конференција во Женева. Тројца патници на крузерот „Хондиус“ (Hondius) – кој моментално е закотвен кај Зелено’ртските Острови со околу 150 патници и членови на екипажот – починаа во […]

Шпанија дозволи влез на крузерот со случаи на хантавирус во Канарските Острови


Шпанија му дозволи на крузерот погоден од случаи на хантавирус и три смртни случаи да се закотви на Канарските Острови, додека здравствените власти истражуваат дали на бродот се случило пренесување од човек на човек. Одлуката е донесена во координација со Светската здравствена организација (СЗО) и Европската Унија, во согласност со меѓународното право и хуманитарните принципи, […]

Уште двајца патници со симптоми на смртоносниот хантавирус, блогер сними емотивно видео


Медицинскиот персонал евакуираше две лица со симптоми на смртоносниот хантавирус од луксузниот крузер „Хондиус“, кој се закотви во понеделникот покрај брегот на Западна Африка, а превезуваше претежно британски, американски и шпански патници. Околу 150 лица на бродот беа ставени во карантин откако три лица починаа, објави Ројтерс. Меѓу починатите се холандски пар и германски државјанин, […]

Што е хантавирус од кој починаа тројца патници на крузер


Три лица починаа, а тројца други се разболеа по пријавена епидемија на хантавирус, вирус што се пренесува преку глодари и може да предизвика фатална респираторна болест, на холандски крстосувач, објави Ројтерс, повикувајќи се на владини изјави и медиумски извештаи во неделата. Холандската туристичка компанија Oceanwide Expeditions во соопштението изјави дека „управува со сериозна медицинска ситуација“ […]

СЗО: Тројца починати во сомнителна епидемија на хантавирус на крузер


Три лица починаа, а три други се заразени во сомнителна епидемија на хантавирус на мал крузер во Атлантикот, соопшти вчера Светската здравствена организација (СЗО). СЗО на Х објави дека еден пациент е на интензивна нега во Јужна Африка. Двајца од починатите се холандски државјани, според холандското Министерство за надворешни работи. Хантавирусот кај луѓето може да […]

За само неколку недели, вирусот што ја уби сопругата на Џин Хекман, однесе неколку животи во САД


Во четвртокот калифорниските власти објавија смрт на три лица кои подлегнаа на хантавирусот, истиот оној што ја уби Бетси Аракава, сопругата на актерот Џин Хекман, пишува Paris Match. За само неколку недели, вирусот добро познат на експертите однесе неколку животи во јужниот дел на Соединетите држави. На 26 февруари, Бетси Аракава, сопруга на американскиот актер […]