ЗОИ: Гут – Бехрами олимписка победничка во супервелеслалом


Швајцарската скијачка Лара Гут-Бехрами победи на денешната трка во супервелеслалом на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, освојувајќи го првиот златен олимписки медал во својата импресивна кариера. Бројот 7, кој Кинезите го сметаат за многу среќен, и донесе огромна радост на 30-годишната Швајцарка, која ја потврди доминацијата во дисциплината во која е актуелен светски првак. […]