Грковска: Да се зголеми транспарентноста и отчетноста во спортот, потребна е ревизија на системот за спортски ваучери


Потребно е да се најде подобар модел за ваучерскиот систем во спортот, кој ќе биде поправеден и ќе биде реализиран директно преку клубовите затоа што општ заклучок е дека сегашниот модел на исплата преку федерации не функционира како што треба, и секако да се зголеми транспарентност и отчетност во спортот, вели заменичката на претседателот на […]

Инспекциските служби мора да бидат ефикасни, објективни и да им служат на граѓаните


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска го посети Инспекцискиот совет каде директно се информираше за процесот на унапредување инспекциските служби, со цел да се обезбеди ефикасни и квалитетни услуги на граѓаните. На состанокот со претседателката на Инспекцискиот совет, Даниела Рендевска, присуствуваа и членовите на Советот со кои […]

Грковска на Регионален состанок на тема „Јавните политики во областа на конфискација на имот“


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во Виена ќе учествува на Регионален состанок на тема „Јавните политики во областа на конфискација на имот“, во организација на Регионалната Канцеларија на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (UNODC). Грковска ќе има обраќање во кое ќе ги презентира владините […]

Грковска: Потребна е ревизија на системот за спортски ваучери за да се обезбеди транспарентност како предуслов за користење на јавните пари


Финансиската помош што државата ја дава за развој и поддршка на спортот преку моделот на спортски ваучери е исклучително важна, но потребна е ревизија на системот за да се обезбеди транспарентност и отчетност, како предуслов за користење на јавните пари. Ова се дел од заклучоците од денешната конференција „Отворено за корупцијата во спортот – со […]

Конференција „Отворено за корупцијата во спортот – со фокус на мерката ваучери“


Во Струмица денеска ќе се одржи конференција на тема „Отворено за корупцијата во спортот – со фокус на мерката ваучери“, во организација на кабинетот на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска во соработка со Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (UNODC). На конференцијата, покрај Грковска, обраќања ќе имаат […]

Грковска: Немаме друга алтернатива освен дигитална трансформација на општеството


Дигитализацијата на јавните услуги е предуслов за да изградиме транспарентни и одговорни институции. Немаме друга алтернатива освен дигитална трансформација на општеството, истакна Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата задолженa за политики за добро владеење на денешниот онлајн настан Дијалози за Дигитална агенда: Дигитална агенда за граѓаните – Дигитализација и дигитална трансформација за поефикасна администрација. […]

Грковска: Естонското искуство во делот на дигиталната трансформација е од големо значење


Продлабочувањето на меѓусебната соработка, особено во делот на естонското искуство во процесот на дигитална трансформација на општеството беше тема на разговор на денешната средба во Талин меѓу вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска и амбасадорката за дигитализација во естонското Министерство за надворешни прашања, Неле Леоск. На состанокот, информираат од владината Прес-служба, се разговараше […]

Неопходна е ревизија на моделот за спортските ваучери


Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт имаше работна средба со директорот Наумче Мојсовски. Како што информира прес-службата на Грковска, на средбата се дискутирало за потребата од сеопфатна анализа на законската регулатива во спортот и креирање на политики за добро […]

Грковска: ИТ кадрите мора да ги задржиме во државната администрација, без нив нема напредок


ИТ кадрите не може и не смее да бидат третирани како администрација, затоа што тие тоа не се. На овие кадри мора да им понудиме соодветни услови за да останат во системот, бидејќи без нив не е возможен напредок. Работиме на неколку модели коишто би требало да бидат решение за ИТ кадрите во државната администрација, […]

Грковска: Фокусирани сме на борбата против неформалната економија и креирање мерки и политики за искоренување на оваа појава


Сивата економија го поткопува интегритетот на целиот наш даночен систем, поради тоа заеднички сме фокусирани на борбата против неформалната економија, против корупцијата и еднаква примена на законите за сите субјекти и граѓани, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска на денешната онлајн конференција „Неформалната економија – причини, предизвици […]

Грковска: Има сигнали за одблокирање на процесот во Меѓувладината група со Бугарија


Заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска оцени дека соработката со колегите од Бугарија при работата во меѓувладината работна група за европска интеграција и зелени политики е одлична и се одвива во позитивна атмосфера, при што во разговорите се чувствува поинаква енергија отколку во изминатиот период. – Интересно е што и […]

Грковска: Не сум убедена дека државен ревизор треба да има право на реизбор и дополнителни девет години мандат


Многу често се случува укажувањата на Државниот завод за ревизија да останат само укажувања, а институциите да не постапуваат по утврдените забелешки. Контролата на трошењето на буџетските средства е од исклучително значење и затоа Владата донесе одлука, во соработка со ДЗР, да изнајде подобар модел кој ќе ја зголеми ефикасноста на спроведување на укажувањата на […]