Најмал износ за запишување граѓанска обврзница е 10 илјади денари


Министерството за финансии вчера го објави Проспектот за издавање на нова Граѓанска обрзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари, а граѓаните ќе може да доставуваат понуди за запишување обврзници до 10 декември 2025 година. Износот на една граѓанска обврзница е 10.000 денари, односно тоа е минималниот износ којшто може да се запише […]

Во првата половина од декември ќе се објави новата емисија Граѓанска обврзница


Нова емисија Граѓанска обврзница ќе биде објавена во првата половина од декември, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во ТВ 24. Таа потенцира дека кога ќе биде објавен проспектот ќе бидат познати во јавноста и деталите за издавањето на Граѓанската обврзница и дека во изминатиот период имало интерес од граѓаните за издавање на Граѓанска […]

Утре ќе се исплати главницата и каматата од втората Граѓанска обврзница, се подготвува проспект за нова


Министерството за финансии утре ќе се изврши исплата на главницата и каматата за втората година од издадената втора Граѓанска обврзница. Средствата во износ од 17,6 милиони евра и камата во износ од 880 илјади евра ќе бидат испалтени на сметките на граѓаните кои запишаа обврзници од втората Граѓанска обврзница. Втората граѓанска обврзница, Министерството за финансии ја издаде […]

Исплатена првата граѓанска обврзница и каматата од 5 отсто за втората година, средствата легнати на сметките на 1.448 граѓани


Министерството за финансии изврши исплата на главницата и каматата за втората година од издадената прва Грѓанска обврзница. На сметките на 1448 граѓани, кои на аукцијата објавена во 2023 година запишаа граѓански обврзници се исплатени 1,4 милијарди денари (23,5 милиони евра), износ кој беше запишан во граѓански обврзници и камата за втората година во износ од […]

Граѓанска обврзница запишале 907 граѓани, побарувачката за 80 отсто поголема од понудениот износ


Втората емисија на Граѓанска обврзница успешно беше реализирана, оцени денеска Министерството за финансии. Во соопштението до медиумите се вели дека на денешната аукција биле запишани граѓански обврзници во износ од 1.085.480.000 денари (17,7 милиони евра) што е за 1,8 пати повисок од износот објавен во Проспектот за втората емисија Граѓанска обврзница. „Ова покажува дека Граѓанската […]

Граѓанските обврзници од втората емисија достапни за граѓаните


Процесот на издавање на втората емисија на Граѓанска обврзница е во тек. Граѓаните можат да инвестираат во граѓанската обврзница на едноставен и лесно достапен начин преку шалтерите на деловните банки во целата земја со поднесување барање за учество на аукцијата и уплата на средства во износ за кој сакаат да купат обврзници, информираат од Министерството […]

Објавен проспектот за втората емисија на граѓанска обврзница со каматна стапка од 5 отсто


Министерството за финансии по успешно реализираните први емисии на граѓанската и зелената обврзница, денеска го објави Проспектот за втората емисија граѓански обврзници на износ од 600 милиони денари. Граѓаните од денеска до 6 ноември имаат можност да запишат граѓански обврзници за кои и овојпат е понудена атрактивна каматна стапка од 5 отсто. Минималниот износ кој […]

Бесими и Штериев симболично го означија стартот на тргувањето со граѓанската обврзница преку Берзата


Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска во Македонската берза заедно со извршниот директор Иван Штерив симболично, со заѕвонувње на ѕвоното, го означија стартот на тргувањето со граѓанската обврзница. Првта емисијата на граѓанска обврзница беше издадена во текот на овој месец, при што на аукцијата одржана на 13 јули беа запишани вкупно 1 448 030 000 […]

Граѓанска обврзница купиле 1.283 граѓани, уплатени 1,4 милијарди денари, двојно повеќе од понудата


Процесот на издавање на првата емисија на граѓанската обврзница денеска успешно заврши со одржување на аукцијата на која беа запишан износ од 1.448.030.000 граѓански обврзници, што е двојно повеќе од она што беше објавено со Проспектот за граѓанската обврзница во износ од 600 милиони денари, соопшти Министерството за финансии. „Интересот беше голем за овој нов […]

Министерот Бесими се пофали дека купил граѓанска обврзница, ќе ѝ ја подари на ќерка си


Министерот за финансии Фатмир Бесими, на службениот фејсбук профил се пофали дека купил граѓанска обврзница која ќе ѝ ја поради на неговата ќерка. Ова, како што наведува, го направил за да го илустрира процесот на инвестирање и придобивките од новиот инструмент, кој го промовира Министерството за финансии. „Денеска решив симболично да купам една ‘Граѓанска обврзница’ […]

Бесими се сретна со Стевкова-Штериева од МБА за граѓанската обврзница


  Состојбите во банкарскиот сектор, како и процесот што се одвива преку деловните банки за купување на граѓанската обврзница, којшто е во тек, денеска беа тема на средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со претседателката на Македонската банкарска асоцијација Маја Стевкова Штериева. Процесот за запишување на граѓанска обврзница, што почна на 30 јуни со […]

Бесими: Граѓанската обврзница е безризичен инструмент кој носи добри и безбедни приноси


 Издавањето на граѓанската обврзница, како нов инструмент на пазарот, ќе даде можност на граѓаните да ги инвестираат своите пари и за тоа да добијат добри и безбедни приноси, вели министерот за финансии Фатмир Бесими. -Воведувањето на граѓанската обврзница како инструмент на финансискиот пазар има повеќе придобивки. Првата е што граѓаните ќе имаат можност да ги […]

Граѓанската обврзница нема да има позначајни ефекти врз банкарскиот сектор, вели Ангеловска-Бежоска


Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска не очекува дека издавањето на граѓанската обврзница што ја најави Министерството за финансии ќе има позначајни ефекти врз банкарскиот сектор.  – Со оглед на најавата дека станува збор за издавање на обврзница во износ од 50 милиони евра во денарска противвредност сепак тоа е исклучително мал износ во споредба […]

Државата во јуни ќе издаде граѓанска обврзница, со каматата ќе им конкурира на банките


Педесет милиони евра дополнителни приходи во Буџетот планира да собере Министерството за финансии од новиот инструмент – народна или граѓанска обврзница, што ќе биде издадена во јуни. Граѓаните за прв пат ќе може директно да инвестираат во вакви државни хартии од вредност и за тоа да добијат камата која што ќе биде повисока од она […]