Градежниците и урбанистите под лупа: Исконтролирани над 3.100 лиценци, во постапка на одземање се 479
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека од досега исконтролираните над 3.100 лиценци во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање, кај 479 е констатирано неправилно работење поради што ќе бидат одземени од правните лица. Оваа листа, како што истакна Николоски, ќе биде доставена до соодветните институции за натамошно постапување. Тој најави и […]