Една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија, вели Димитриеска-Кочоска


Mинистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска информира дека една банка прифатила да субвенционира дел од каматата за кредитите за фирмите од заемот од Унгарија. Притоа таа не откри дали станува збор за една од трите најголеми банки во земјата. Вечерва во интервју за 360 степени Димитриеска-Кочоска посочи дека на неколкуте состаноци досега банките генерално се изјасниле […]

Владата и банките се договориле за каматата на унгарскиот кредит, се преговара за рокот на отплата


  Банките ќе им ги одобруваат на компаниите кредитите од унгарскиот заем со камата од 3,25 отсто, односно по истата стапка која што ќе ја плаќа државата кон унгарската Експорт импорт банка. Ова било договорено на последниот состанок што банките го имале со Министерството за финансии на кој останало отворено единствено прашањето за рокот на […]

Буџет 2025: Буџетски дефицит 4 отсто, раст на БДП 3,7 отсто, капиталните расходи над 715 милиони евра


Буџетот за 2025 година ќе биде развоен, но нема да биде занемарена и социјалната компоненета. Капиталните расходи ќе бидат проектирани на ниво над 44 милијарди денари, а проекциите за буџетски дефицит и раст на БДП се поставени со Фискалната стратегија. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на МТВ. „Станува […]

ИФЦ сака да финансира енергетски проекти во земјава


Меѓународната финансиска корпорација при Светската банка – ИФЦ изразува интерес за проширување на својата активност во земјава, особено во областа на енергетиката и енергетската транзиција. Ова беше споделено на средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со регионалниот заменик-претседател на ИФЦ Алфонсо Гарсија Мора во Вашингтон. „Инвестициите во енергетскиот сектор и транзицијата од фосилни горива […]

Средствата од унгарскиот заем денеска треба да легнат на сметка во Народната банка, започната постапката за втората транша


Процедурата за префрлање на средствата од заемот од унгарската Експорт-импорт банка е завршена и денеска се очекува да легнат на сметката на Народната банка, а веќе утре да се трансферираат во Буџетот. Ова го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостувањето на ТВ Алфа. „Секторот од МФ ме информираше дека сѐ е подготвено и […]

Се „крчкаат“ уште 500 милиони евра заем од Унгарија за рефинансирање на еврообврзницата во 2025


Со потпишување на Договорот со унгарската Експорт – импорт банка во Будимпешта се официјализираше првиот дел од Договорот за заем во износ од 500 милиони евра и воедно започнаа разговори за вториот дел од заемот исто така во износ од 500 милиони евра, кои се очекува да бидат одобрени до крајот на годината. Ова го […]

Парите од унгарскиот кредит следната недела ќе легнат на сметка, вели Димитриеска Кочоска


Парите од договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт-импорт банка што денеска во Будимпешта во име на Владата, го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, се очекува наредната недела да легнат на девизната сметка на Министерството за финансии. Таа во Тема на денот на Сител, од Будимпешта повтори дека станува збор за […]

Јавниот долг годинава ќе достигне 66 отсто од БДП, вели Димитриеска-Кочоска


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска не верува дека до крајот на годината ќе има намалување на јавниот долг. Во изјава за медиумите во Штип, министерката рече дека проекциите се и претпоставка е дека јавниот долг ќе изнесува 66 проценти. – Тоа е максималниот износ, што е проектиран. Не верувам годинава дека ќе може да има […]

Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот капиталните расходи остануваат на ист износ, направена е пренамена


Капиталните расходи со Ребалансот на Буџетот за 2024 година не се засегнати. Бројките покажуваат дека износот е ист, само е направена пренамена кон проекти коишто се очекува да имаат забрзана динамика. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител. „Кога ќе ги погледнете бројките може […]

Зошто ВМРО-ДПМНЕ ја поткопува министерката за финансии Димитриеска-Кочоска?


  Изгледа прилично нелогично вчерашната прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на која тој го повтори ставот на премиерот и министерот за транспорт дека 560 милиони евра наменети за третата делница на пругата кон Бугарија од Крива Паланка до Деве Баир треба да се пренаменат кон железницата што води кон Грција. Нејасно е зошто […]

Министерката за финансии ќе патува за Унгарија, но прво го чека билатералниот договор за заем


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска најверојатно следната недела ќе отпатува за Унгарија, но прво, како што вели, треба да пристигне билатераниот договор.  Северна Македонија договори заем од пола милијарда евра од Унгарија, а веста за тоа ја обелодени премиерот Христијан Мицкоски од Самитот на НАТО во Вашингтон.  Според изјавите на премиерот, заемот се зема под […]

БДП годинава ќе биде понизок од проектираниот, затоа јавниот долг ќе биде повисок, вели Димитриеска Кочоска


Ќе имаме зголемен процент на јавниот долг, БДП оваа година ќе биде меѓу 2,1 и 2,5 проценти, наместо проектираните 3,4 отсто, рече вечерва министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска. Таа најави и пренамена на 100 милиони евра за општините со најавениот ребаланс на Буџетот што треба да заврши до крајот на јули. Во гостувањето на […]

Во Буџетот има дупка од 40 милиони евра за ПИОМ, ќе требаат уште 40 милиони за повисоки пензии


Во Министерството за финансии се подготвува ребалансот на Буџетот за 2024 година. Ќе се обезбедат пари за плати и пензии, за се она што е преземено како обврска согласно закон, а ќе се скратат неприоритетните и непродуктивните трошења. Предизвикот е голем, планираниот дефицит е потрошен околу 90 отсто, но ќе се справиме со состојбата. Ова го […]

ВМРО-ДПМНЕ ги прозва Народната банка и Фискалниот совет, молчеле за „фискалната провалија“ на Владата


  ВМРО-ДПМНЕ денеска јавно ги прозва Народната банка и Фискалниот совет заради тоа што не реагирале досега на политиките на Владата кои го зголемиле јавниот долг и не овозможиле економски раст. Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска, преку видео обраќање и соопштение до медиумите рече дека Владата на СДСМ и ДУИ ја турнала земјата „во фискална […]