Велковски: Инспекција ќе проведува дали децата во градинките се вакцинирани против голема кашлица


Министерот за труд и социјална политика во техничката Влада, Ѓоко Велковски денеска изјави дека инспекциски служби ќе проверуваат во градинките каде нема вакцинирани деца со ДиТеПер вакцината и ќе интервенираат, за да се спречи епидемија на голема кашлица. – Од Комисијата за заразни болести има заклучоци и истите треба да бидат одобрени на владина седница. […]

Меџити ќе потпише прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје


Министерот за здравство во техничката Влада, Фатмир Меџити денеска на брифинг со новинарите истакна дека ќе го потпише документот за прогласување епидемија на голема кашлица во Скопје, по вчерашната препорака на Комисијата за заразни болести. Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ потврди дека има четири нови случаи на голема кашлица во земјава, со […]

Четири нови случаи на голема кашлица во земјава, вкупно 22 од почетокот на годината


Четири нови случаи на голема кашлица се евидентирани во земјава, со што бројот се зголеми на вкупно 22 од почетокот на годината, потврди портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ. Комисијата заседаваше вчера и предложи прогласување епидемија на територијата на град Скопје. Во државава има хоспитализирани деца, но и возрасни со пертусис или народски […]

Кај детето со голема кашлица на Детската клиника се применува имуносупресивна терапија


Кај четиригодишниот пациент кој е вакциниран со голема кашлица, а е хоспитализиран на Детска клиника се работи за состојба која индицира примена на имуносупресивна терапија. Имуносупресивната терапија дава простор луѓе и деца кои се вакцинирани да имаат можност да бидат заразени, меѓутоа, секако дека кај нив инфекцијата ќе помине полесно отколку ако не бил имунизиран, […]

Вакцинација… или ќе нѐ убие црвот на сомнежот


Кусо, повторливо, постојано кашлање, кое трае со денови и ноќи, а вдишувањето проследено со неприроден свиреж е секојдневната слика што повеќе од 100 дена ја гледаат родителите на децата кои боледуваат од голема или таканаречена магарешка кашлица. Во Македонија годинава, 18 лица заболеа од пертусис, сите завршија во болница, повеќето се невакцинирани, иако за болеста […]

Петличковски: Да се прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје (Видео)


  Со оглед на последните бројки, 18 потврдени случаи со голема кашлица и имајќи предвид дека во изминатите денови овој број расте, особено на територија на град Скопје каде што се потврдени 14 случаи, се одлучивме да предложиме да препорачаме прогласување на епидемија за град Скопје, изјави денеска на прес-конференција претседателот на Комисијата за заразни […]

Во Србија се потврдени 297 случаи на голема кашлица


Вкупно 297 потврдени случаи на голема кашлица се пријавени на територијата на Србија, кај кои дијагнозата е поставена од почетокот на 2024 година, соопшти Институтот за јавно здравје на Србија, повикувајќи се на податоци на Јавната здравствена служба заклучно со 4 февруари. Од почетокот на 2024 година, пријавени се два смртни случаи предизвикани од пертусис […]

Нови три случаи на голема кашлица во државата, вкупно 15 од почетокот на годинава


Нови три случаи на голема кашлица се регистрирани во државата, со што бројката се зголеми на вкупно 15 од почетокот на годината. Доктор Кристина Ставридис, епидемиолог од Институтот за јавно здравје, изјави дека преку системот за следење заразни болести, евидентирани се вкупно 15 случаи од почетокот на годината. Министерот за здравство Фатмир Меџити, во одговор […]

Големата кашлица коси низ регионот – родителите да ги вакцинираат децата


  Вакцинацијата е најдобра заштита од зимските болести како грип, голема кашлица и други респираторни инфекции, но со оглед на малиот опфат на вакцинирани, кај нас и во регионот, се бројат новозаразени. Според Комисијата за заразни болести, состојбата не е загрижувачка, а лекарите постојано апелираат на вакцинација, бидејќи опфатот во Македонија е под препорачаниот од […]

Родителите навреме да ги вакцинираат децата, повикаа од детски диспанзер Куманово


Во Куманово опфатот со вакцината против голема кашлица, пертусис е 75 проценти, информираа денеска од Здравствен дом Куманово, детски диспанзер. Надлежните велат дека оваа болест што ја има во соседството е загрижувачка и ги повикаа родителите навремено согласно календарот да ги вакцинираат децата. – Куманово е еден од градовите каде се намалува процентот на имунизирани […]

Четири бебиња во Белград починаа од голема кашлица


Четири бебиња починаа од голема кашлица во Институтот за мајки и деца во Белград. Ова утрово за РТС го изјави д-р Владислав Вукомановиќ, кардиолог и управител на клиниката за детски болести при Институтот за здравствена заштита на мајки и деца на Србија „Д-р Вукан Чупиќ“. За жал, малите деца, доенчињата до 4 месеци може да […]

Препорака да се носат маски во здравствените и домовите за згрижување стари лица


Комисијата за заштита од заразни болести на редовен состанок денеска утврди дека поради сезонските респираторни проблеми, сите кои се чувствуваат болни треба да носат маски, а препорака е маски да се носат во здравствените институции и во домовите за заштита на стари лица.  Претседателот на Комисијата Александар Петличковски во изјава за медиумите дадена по седницата […]

Комисијата за заразни болести најверојатно ќе заседава следната недела, ништо алармантно со големата кашлица


Комисијата за заразни болести најверојатно ќе заседава следната недела, но, нема ништо алармантно во однос на магарешката кашлица, ковид и грип, изјави за МИА претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.   – Станува збор за редовен состанок и пресек на ситуацијата и ќе се види дали евентуално треба да се донесат некакви нови мерки, вели Петличковски. […]

Нема најава за заседавање на Комисијата за заразни болести околу големата кашлица, се апелира на вакцинација


Засега нема информација дали и кога Комисијата за заразни болести ќе заседава по најновите случаи на голема кашлица регистрирани во земјава. Од почетокот на годинава, според информациите на Институтот за јавно здравје, евидентирани се два случаја на персутис или попознати во јавноста како магарешка кашлица. Портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ во изјава […]

Во Црна Гора пријавени 129 случаи на голема кашлица, меѓу кои и шест бебиња


Од почетокот на ноември во Црна Гора се пријавени 129 случаи на голема кашлица, меѓу кои и шест бебиња. „Помеѓу пријавените случаи (129), најголем дел од заболените има во возрасната група од 11-15 години (71), во групата од 26-64 години (20), во групата од 6-10 години (15 ), 1-5 години (9), до една година (6), […]

Хрватска: Најголем број заболени од голема кашлица во изминатите 40 години


 Во Хрватска се зголемува бројот на заболени од голема кашлица (Pertussis), повеќето се меѓу децата, па затоа се организираат пунктови за тестирање на инфекции, додека епидемиолозите се уште препорачуваат вакцинација како најдобра заштита. Според евиденцијата на ХЗЈЗ, во Хрватска досега од голема кашлица се разболеле 2.312 лица, најмногу во Загреб, а потоа и во Сплитско-далматинската […]