Со босанската „Брачно советување“ вечерва во Аеродром почнува Фестивалот на комедија „Гола месечина“
Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“, традиционално по 12-ти пат започнува од вечерва, а ќе трае до 13. септември (сабота), во паркот „Авионче“ во општина Аеродром. На првиот фестивалски ден со почеток во 20 часот ќе се одигра претставата „Брачно советување“ од Даниел Глатауер во режија на Жељко Стјепановиќ. Претставата е на Градско позориште Јазавац […]