Почина Гоце Тодоровски, актерот кој создаде омилени ликови во многу театарски претстави, филмови, серии…
На 75-годишна возраст почина Гоце Тодоровски, пензиониран актер и долгогодишен член на ансамблот на Драмски театар Скопје. Со неговото заминување, македонскиот театар, филм и телевизија загубија уметник чиј талент речиси половина век беше дел од колективната меморија на публиката. Гоце Тодоровски не ја бараше наклонетоста на гледачите. Ја освојуваше уште со првото појавување на сцената. […]