Ѓорѓиевски: Потегот на Белград да ни отстапи автобуси е добар, но говори за неспособноста на градоначалничката


Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски го оценува како добар потегот на Белград, кој според најавите, ќе отстапи автобуси „Соларис“ на Скопје, но смета дека од друга страна тоа говори за несериозниот пристап на градоначалниката на Скопје и неможноста таа да се справи со предизвиците.   – Во Скопје има бројни […]

Ѓорѓиевски: Некои поединечни раководни лица немаат менаџерски капацитети


Децениски проблеми во општините ќе се решат со помош на парите кои Владата ќе ги распредели до локалните самоуправи по разгледување на пароектите кои стигнаа до неколку министерства, смета градоначалникот на Кислеа Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски. -Сметам дека со средствата од Владата на Република Македонија, конечно ќе се решат децениски проблеми кои […]

Ѓорѓиевски: Понудата и побарувачката конечно треба да ги одредуваат цените


Претседателот на Агробизнис комората при Сојузот на стопански комори, Горан Ѓорѓиевски, денеска на новинарско прашање дали ќе има зголемувањето на цената  на лебот посочи дека цената на струјата е еден импут кој учествува во финалниот производ и  оти најголем импут за кој треба да се разговара се човечките ресурси.  -Ако електричната енергија за бизнисот се […]

Ѓорѓиевски ќе ја оспори на суд казната од Арсовска од 84.000 евра за истурањето отпад пред „Дрисла“


Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски најави дека ќе ја оспори казната што му ја наметна градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, откако по три дена неисчистени контејнери низ градот, општините сами се организираа и ѓубрето го однесоа во „Дрисла“, но таму не им го примаа, па го одложија пред влезот. Ѓорѓиевски планира казната да ја […]

Целосна реконструкција на „Вера Јоциќ“ со краците и паркинзите и изградба на нов паркинг


Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска изврши увид во финализацијата на овој проект кој опфаќа асфалтирање на површина од околу 5800 квадратни метри и кој исто така опфати реконструкција на постоечките паркинзи и изградба на нов паркинг простор за 70 возила, информираа од општината. – На реконструкција на улицата Вера Јоциќ, интензивно се работеше […]

Ѓорѓиевски најави финансиска помош за Делчево


Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски ги повика неговите колеги градоначалници да испратат помош за Делчево. Вознемирувачки и апокалиптични сцени пристигнуваат од Делчево од невремето со пороен дожд кое за жал, ги поплави речиси сите куќи во понискиот дел на градот и предизвика огромна штета. -Како претседател на ЗЕЛС, ги […]

Ѓорѓиевски: Ќе се избориме за поголема финансиска независност на општините од централната власт


Претседателот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во своето обраќање на четвртатаa седница на Генералното собрание, истакна дека се лоцирани повеќето аномалии во развојот на општините кои бараат итно унапредување на методологијата за правично насочување на средствата од централно на локално ниво во согласност со […]

Детските права во фокусот на средбата на градоначалникот Ѓорѓиевски со Ди Џовани од УНИЦЕФ


Детските права во фокусот на средбата на градоначалникот Ѓорѓиевски со претставникот од УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани Децата и детските права беа во фокусот на разговорот кој денес го водеа градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и претставникот од УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани. На оваа плодна средба, беа договорени повеќе заеднички проекти кои ќе овозможат остварување на полниот потенцијал […]

Нов рекреативен парк на местото на дивата депонија во село Драчево


По повеќе од три децении, дивата депонија во местото викано Оксиген ќе стане огромен рекреативен парк со самонаводнување од 7500m2, соопшти денеска градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. – Во селото Драчево, огромната површина во Оксиген во изминативе триесеттина години служеше како депонија која во еколошка и естетска смисла го нарушуваше животот и здравјето на […]

Градоначалникот на Кисела Вода бара да се истражи пожарот во Пржино кој можеби е подметнат


Старо училиште во скопската населба Пржино, попдладнево целосно изгоре во пожар. На местото на настанот беше и градоначалникот на општината Орце Ѓорѓиевски кој на социјалните мрежи го повика Министерството за внатрешни работи целосно да го истражи пожарот, бидејќи според неговите информации причина за истиот е човечки фактор. – По добиената информација дека гори објект, веднаш […]