Повеќе од 3.000 фалсификувани гитари „Гибсон“ запленети во Калифорнија


 Повеќе од 3.000 фалсификувани електрични гитари „Гибсон“ се запленети во Јужна Калифорнија, што се смета за најголема заплена на фалсификувани музички инструменти на најпрометниот терминал за контејнери во Северна Америка, соопшти американската царина. Според проценките на американските власти, тие гитари би биле во вредност од околу 18 милиони долари доколку се автентични, јавија американските медиуми. […]