Боледувањата ја осиромашиле германската економија за 200 милијарди евра


Трошоците за боледување стануваат сè поголем товар за германската економија. Минатата година, производствените загуби и исплатите на плати на вработените за боледување ги чинеле компаниите повеќе од 200 милијарди евра, соопшти германската Влада. Секој вработен во просек бил отсутен од работа 20,8 дена, што е речиси четири дена повеќе од 2020 година. Вкупно се забележани […]

Изненадувачки силен раст на германската економија во првиот квартал


Германската економија оствари изненадувачки добри резултати во првиот квартал од годината, забележувајќи раст од 0,4 проценти на годишно ниво во средината на долготрајната криза. „Неочекувано добриот економски развој“ придонесе стапката на раст да биде двојно поголема од предвиденото, изјави Рут Бренд, раководителка на Канцеларијата за национална статистика. Генератор на растот беше извозот и домашната потрошувачка. […]

Мал пад на германската економија во вториот квартал, пресудија слабите инвестиции и потрошувачкиот песимизам


Германската економија малку се намали во вториот квартал, делумно поради намалените инвестиции и кризата во градежната индустрија, објави во вторникот Федералниот завод за статистика (Дестатис). Германскиот бруто домашен производ (БДП) се намали за 0,1% во однос на претходниот квартал, потврдувајќи ја првичната проценка од крајот на јули, по растот од 0,2% во првиот квартал. „По […]

Расположението во германската економија продолжува да стагнира


Расположението во германската економија продолжува да стагнира. Индикаторот за економска клима, кој го пресметува минхенскиот институт за економски истражувања Ифо, во јуни во однос на мај е намален за 0,7 поени на 88,6 поени, но само поради попесимистичките очекувања. Сегашното расположение останува непроменето како што беше во мај. Во производството, состојбата се влоши по три […]

Германската економија ќе закрепне дури во 2025 година


И оваа година ќе продолжат неволјите во германската економија, предупреди Институтот за макроекономска политика (ИМК), прогнозирајќи благ пад на активноста за 0,3 отсто, а скромно закрепнување само во 2025 година. Во следната година активноста треба да порасне за скромни 0,8 отсто, проценува Институтот. ИМК со седиште во Дизелдорф е дел од фондацијата Ханс Боеклер, која […]

Германската економија во четвртиот квартал од 2023 година забележа квартален пад од 0,3 отсто


Во четвртиот квартал од 2023 година, германската економија падна за 0,3 отсто во однос на претходниот квартал и за 0,2 отсто во однос на четвртиот квартал од 2022 година, во согласност со претходните прелиминарни проценки, објави денеска германскиот Завод за статистика Дестатис. Откако германската економија главно стагнираше во првите три квартали од минатата година, економските […]