Се повеќе Германци не можат да врзат крај, позајмуваат пари за да ги покријат секојдневните трошоци


Според истражување спроведено на барање на британската банка „Барклис“, многу Германци позајмуваат пари за да ги покријат секојдневните трошоци, пренесе ДПА. Повеќе од половина од возрасните на возраст под 50 години позајмиле пари во последните две години. Повеќето се обратиле до членовите на семејството (44 отсто), а некои зеле заем од банки (40 проценти). Покрај […]

Зошто толку малку Германци одат на одмор оваа година?


  Анализа за состојбата на германскиот туристички пазар пред десет дена објави угледниот портал Der Spiegel. Во анализата се наведува дека веќе оваа година четвртина од сите Германци немаат доволно пари за одмор. Ова го покажа репрезентативното истражување на Институтот за истражување на јавното мислење Civey за овој весник. Ова ги погодува не само класите […]

И германските спасувачки тимови од безбедносни причини привремено ги запираат своите операции во Турција


 Германската Федерална служба за техничка помош (германска служба за итни случаи) и германскиот огранок на хуманитарната организација Меѓународна советодавна група за пребарување и спасување (ИСАР) привремено ги прекинуваат спасувачките операции во турскиот округ Хатај погоден од земјотресот од безбедносни причини, јави ДПА. Безбедносната ситуација во јужната област Хатај се влоши во последните часови, соопштија денеска […]

СП2022: Германците во знак на протест ги покрија устите


Германските фудбалски репрезентативци со рацете ги покрија своите усти за време на групното фотографирање пред денешниот натпревар на Светското првенство во Катар против Јапонија, одговарајќи на тој начин на заканите од ФИФА за санкции поради капитенските ленти со натписот „Една љубов“ (One love). Сите германски играчи се приклучија кон гестот пред десетици фоторепортери пред воведниот натпревар во […]

Германците си го заштитуваат перекот како нематеријално културно наследство


Перекот треба да стане нематеријално културно наследство на УНЕСКО, бара Здружението на пекарите од германската покраина Баден-Виртемберг. Здружението поднело барање за тоа – переците да се стават на националната листа кандидати за нематеријално светско културно наследство. Министерот за земјоделство на Германија, Чем Ездемир денеска при посетата на општината Бад Урах изјави дека го поддржува тоа барање. – Ќе […]

Околу 3,8 милиони Германци никогаш не користеле интернет


 Околу шест отсто од германските државјани на возраст од 16 до 74 години, никогаш не користеле интернет, покажаа официјални податоци објавени денеска, јави ДПА. Заводот за статистика соопшти дека ова одговара на околу 3.8 милиони луѓе, кои никогаш не биле онлајн. Колку постари се луѓето, толку е поголем процентот на оние офлајн: највисок е меѓу […]

Апел до Германците да не прават залихи на брашно и сончогледово масло


Здружението на германски трговци со животни намирници  денеска апелираше до потрошувачите да не складираат прехранбени производи, особено брашно и сончогледово масло. – Како и на почетокот на кризата со коронавирусот, клиентите треба да покажат солидарност и да купуваат во вообичаените количества, изјави портпаролот на тоа здружение, Кристијан Бочер. Малопродажните синџири забележаа зголемена набавка на сончогледово […]

Германците во 2021 година заштедиле рекордни 7.700 милијарди евра


Германците во 2021 година дополнително ги зголемија своите заштеди, така што нивното богатство порасна на рекордни 7.700 милијарди евра, соопшти ДЗ банка. Економистот на ДЗ Банка, Михаел Стапел изјави дека главна причина за зголемување на имотот на граѓаните на Германија е повторно рекордното штедење. Стапката на штедење минатата година иако забележа пад во однос на […]