Герасимовски: Временски е невозможно општините да реализираат 100 милиони евра инфраструктурни проекти до крајот на годината


„100 милиони евра може се планирани ама тие со сигурност нема да бидат реализирани до крајот на годината“, рече градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во вчерашното гостување во Телевизија 24. Тој во емисијата 24 анализа зборуваше за 100те милиони евра финансиска помош од министерството за локална самоуправа за реализација на инфраструктурни проекти до крајот […]

Во соработка со МВР расчистена е депонија во објект вселен од бездомници во Буњаковец


По налог на Општина Центар, расчистен  е напуштениот објект на улица „Владимир Полежиновски“, зад ТЦ „Буњаковец“, во кој со месеци диво биле вселени бездомни лица и зависници. Акцијата е спроведена со асистенција на МВР, а по пријава на станарите од околните згради. Бездомниците се иселени, а руинираната куќа, претворена во депонија со смет и токсичен […]

Пријавете дупка на улица во вашето маало во Центар


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повика граѓаните да пријавуваат дупки на улиците со цел истите да бидат санирани. Граѓаните тоа може да го направат преку пријавување на телефонскиот број 076381673 секој работен ден од 8 до 16 часот. „Верувам дека овој начин на комуникација ќе донесе поголеми и побрзи резултати за граѓаните. Ние […]

Подновено и со нови училници и кабинети ООУ „Коле Неделковски“ ја почнува учебната година


Учебната година во ООУ „Коле Неделковски“ започна со доградба на ново отворено крило за учениците. – Ги исполнивме ветувањата, инвестиравме 43 милиони денари од општинскиот буџет и отворивме нови и осветлени училници, кабинети за психолог и педагог, библиотека, лифт и тоалет за непречено движење на учениците со потешкотии во движењето како и пристапна рампа за […]

Учениците на ООУ „Кочо Рацин“ во септември ќе добијат реконструирана модерна спортска сала


Општина Центар информира дека почнала темелна реконструкција на спортската сала во ООУ „Кочо Рацин“, а во тек е и реновирање на четири училници и два санитарни јазли во училиштето. Од Општината информираат дека во салата со површина од 800 квадратни метри се поставува нов квалитетен паркет, поставено е ново осветлување, оштетените ѕидови се глетувани и […]

Герасимовски за справување со вандализмот побара помош од професионалци


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски иницираше средба со проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова од Институт за социологија при Филозофскиот факултет на која разговараше за девијантните појави и вандализмот во Капиштец. На средбата беше потенцирано дека вандализмот и деструкцијата кај младите е проблем кој мора да се адресира со соодветни законски решенија и стратегија. -После […]

Герасимовски на средба со градоначалниците од Западен Балкан во Германија


Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, на покана од германското МНР и во соработка со Гете-Институтот, заедно со колегите од Западен Балкан учествува на серија состаноци и дискусии на тема „Општинска Европа-Можност и одговорност“, во рамки на работната посета на Берлин, Есен и Келн. На денешната панел дискусија градоначалниците заедно со претставниците од Аспен институтот […]

Герасимовски: Се финализира доградбата на  ООУ „Коле Неделковски“


Со поставување на фасадата привршуваат градежните работи на доградбата на  ООУ „Коле Неделковски“. Доградбата на училиштето опфаќа 6 училници, од кои 4 ќе бидат за настава, 2 кабинета, една библиотека и една просторија за администрација. Во доградениот дел исто така поставена е и рампа за лица со попреченост, а во тек е и поставување на лифт за лица со инвалидитет […]

Бесплатни билети за учениците од Центар во театар за деца и младинци


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потпиша Меморандум за соработка со Националната установа „Театар за деца и младинци“ – Скопје со кој се проширува и зајакнува соработката во полето на културата и уметноста. Со овој Меморандум им се овозможува на децата и младите во Општина Центар, ученици во училиштата и градинките на подрачјето на Општина Центар, организирани посети […]

Градоначалникот на Центар: Пожарот е локализиран, да не се шират шпекулации за причините


По информациите за избувнувањето на пожарот во Универзална Сала градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски веднаш се упати на терен. Пожарот е локализиран и не постои опасност за другите објекти, сподели тој. Герасимовски на социјалните мрежи известува дека според првичните информации во зградата немало никој и апелира да не се шират шпекулации додека да се […]

Герасимовски: Прифатена Иницијативата за конфискација на дивоградби


Една година по поднесувањето на Иницијативата за регулирање, конфискација и пренамена на бесправно изградени објекти од градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски до ЗЕЛС, Собранието го донесе Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист, одземени предмети во кривична и прекршочна постапка. Станува збор за Иницијатива со која на сите локални самоуправи во државата им […]

„Пакомак“ ќе донира по 2 денара за секоја лименка или пластично шише


„Пакомак“ ќе донира по 2 денара за секоја лименка или пластично шише одложени во наменски поставената повратна вендинг-машина во ОУ „Ј. Х. Песталоци“. Оваа акција е договорена помеѓу „Пакомак“ и Општина Центар, а вчера и официјално беше потпишан меморандум за соработка. Со цел интензивирање на селекцијата на отпад во основните училишта на територијата на општина […]

Герасимовски и Дарко Корен од Хрватска разменуваат искуства за енергетиката, децентрализацијата и европските фондови


Делегацијата на Копривничко-крижевачка жупанија денеска во посета на Општина Центар, со цел да се продлабочи меѓусебната соработка. Жупанот Дарко Корен и градоначалниот Герасимовски на работниот состанок ги разгледаа можностите за размена на искуствата во доменот на енергетиката, децентрализацијата, користењето на европските фондови. „Спогодбата за соработка во институционалната, економската и културната дејност меѓу Копривничко-крижевачката жупанија, која […]

Герасимовски: Ако надлежноста за јавната хигиена ја преземат општините сигурен сум дека ќе имаме почисти населби


Ако општините ја преземат одговорноста за јавната чистото, Скопје би бил многу почист, смета градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. „Доколку сите општини ги преземат ингеренциите од градот за одржување на јавната хигиена на булеварите сигурен сум дека градот односно сите општини ќе бидат многу почисти од сега“, вели Герасимовски, во денешното гостување во Слободен […]

Општина Центар со поддршка за граѓанската петиција за преземање конкретни мерки за безбедност на децата


Општина Центар дава целосна поддршка на петицијата потпишана од група граѓани/родители чии што деца учат во ОУ „Коле Неделковски“ во Општина Центар-Скопје. Петицијата која е доставена до МВР, МОН, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за локална самоуправа и Општина Центар е резултат на загриженоста на родителите за безбедноста на децата во реонот на […]

Чувствувајте се безбедни во Дебар Маало, патролираат поголем број полицајци


  Поголем број полицајци патролираат во општина Центар, односно во Дебар маало, по неколкуте инциденти што се случија на тој потег последните денови. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, по состаноците со Игор Стаменковски Командир на ПС Беко и Орце Спасовски Началник на ЕВР Центар и Бит Пазар, добил уверување дека поголем број полицајци ќе […]

Полиција ќе патролира низ Центар по последните насилства во општината


Случајот со нападнато 3-годишно дете во Дебар Маало од пијан педофил, ја поттикнаа општината да побара поголемо присуство на полицијата, па така денеска најавија засилено полициско присуство особено во делот околу Градскиот парк. – Вечерва со МВР договоривме засилено полициско присуство за да ја зачуваме безбедноста на децата и граѓаните. Насилничкото однесување во општината е […]

Герасимовски: Со фотоволтаични централи ги намалуваме сметките и вложуваме во нови проекти 


 Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во гостување во МРТВ истакна дека Општина Центар пред само неколку месеци го основа ТД „Енергија Центар“ со цел да произведува и продава електрична енергија и тоа и официјално почна да работи минатата недела. Градинката „Пепелашка“ со донација од компанијата ОКТА е првиот општински објект на чиј кров беше […]

Пензионерите од Центар, со примања до 35.000 ден или без приход, можат да користат домашна нега


Општина Центар го измени Правилникот за начинот, условите и критериумите за остварување право на бесплатни пакети за нега на возрасни лица во Општина Центар-Скопје односно за право на користење на проектот „Нега за стари лица во домашни услови“. Преку овој проект Општина Центар обезбедува вежби и совети од лиценцирани физиотерапевти, негуватели и социјални работници во […]