Здружение на пензионери во Центар: Се надеваме дека одличната соработка со Герасимовски ќе продолжи


Здружението на пензионери на Општина Центар изрази надеж дека добрата соработка со актуелниот градоначалник на Центар, Горан Герасимовски, ќе продолжи и во иднина. Тие информираат дека на вчерашната средба размениле повеќе идеи и предлози за подобрување на условите за пензионерите во општината. На својот официјален Фејсбук-профил, здружението напиша: „Денес градоначалникот на Општина Центар беше во […]

Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попусти за културни, спортски настани, локали и продавници


Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, денеска најави дека се воведува „Центарска картичка“ со попусти за културни и спортски настани, локали и продавници. „Секој центарец добива еднаш годишно бесплатна карта за театарска претстава, а за секоја следна купена карта добива 20% попуст. Со картичката, овоможуваме и 20% попуст за натпреварите на нашиот најтрофеен клуб […]

Герасимовски свика итен состанок на Штабот за заштита и спасување поради ѓубрето


Во тек е итен состанок на Штабот за заштита и спасување кадешто носиме одлуки за справување со кризата со сметот во Центар. Градот Скопје денес се соочува со сериозна еколошка криза. Целиот град е затрупан со отпад, што веќе не е само хигиенски, туку здравствен и епидемиолошки проблем. Оваа состојба е крајно алармантна! Не може […]

Герасимовски: Легендата продолжува да живее. Ќе ја вратиме гордоста на Работнички


 На премиерата на документарниот филм „Вратете ни го чаламот“ посветен на најголемите успеси на македонски кошаркарски клуб „Работнички“ одржана синоќа во Скопје,  градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски најави враќање на клубот на победничките патеки. -Легендата продолжува да живее! Се враќаме на гордоста, на спомените, на победничкиот дух што „Работнички“ го носи со себе уште […]

Герасимовски денеска со засилена акција за чистење на Центар: Зголемен број хигиеничари, механизација, работа во две смени


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, најави дека се зголемува зборот на хигиничари кои денеска ќе работат во две смени, сабајле и навечер со цел одржување на хигиената на највисоко ниво. Тој, потенцираше дека и механизацијата што се изнајмува целосно се пушта во погон.  „Утрово, но и од она што го видовме викендов повторно е […]

Расчистена депонијата под Кале


Актуелниот градоначалник на Општина Центар и кандидат од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Горан Герасимовски, денеска, заедно со директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Душко Коцевски, учествуваше на акцијата за чистење на депонијата кај полигонот на Кале. Како што посочи Герасимовски, хигиеничарите на ЈП ПОЦ заедно со службите на Општината се постојано на […]

Герасимовски: Уште првата година ќе ги почнеме капиталните проекти


Два базени, нови училници, реконструкција на спортски сали, внатрешни и надворешни терени, планира да почне кандидатот и актуелен градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, во првата година од новиот мандат. „Во изминатите четири години реализиравме 13 милиони евра капитални проекти, со сопствени средства на граѓаните, инвестирани во нови градинки, проширување на капацитети на училиштата, ново […]

Герасимовски и советниците спречија изградба на зграда, безбедноста на граѓаните на прво место!


  На предлог на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, Советот на Општина Центар со 19 гласа „за“ и и еден воздржан донесе одлука за суспендирање на примената на градежна парцела во рамки на ДУП „Буњаковец 1. Причината за суспензијата е изградба на објект чија реализација може да предизвика сериозни безбедносни и правни импликации. Градежната […]

Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попусти за културни и спортски настани, локали и продавници


Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, во најновото издание на „Утринско еспресо“ на Радио Лидер најави дека се воведува „Центарска картичка“ за жителите на Центар, со која ќе добиваат попусти за културни и спортски настани, пазарење во локални продавници и посета на одредени локали и културни институции. Тој, рече дека во план е […]

Герасимовски заедно со советниците и хигиеничарите ја чистеа дивата депонија во Крњево


Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Центар Горан Герасимовски, денеска заедно со тимот на советници и хигиеничарите заеднички ја чистеа дивата депонија во населбата Крњево. „Не само што секојдневно чистиме по улиците и околу контејнерите, денеска сме и во Крњево, за да ги исчистиме и дивите депонии. Заедно со нашиот тим, ќе ни бидат потребни […]

Герасимовски: Поставуваме две монтажни гаражи со 900 нови паркинг места


„И во наредните години ја ставаме животната средина и грижата за хигиената на прво место. Со набавка на две современи цистерни и пет нови метларки, значително го зголемуваме капацитетот за одржување на хигиената на територијата на општината. Повеќе нема да зависиме од градот и јавното комунално претпријатие“. Ова вчера го најави кандидатот за градоначалник и […]

Герасимовски најави три капитални проекти: Нова општинска зграда, дом за стари лица и градинка


Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, во вечерашното соочување во „Топ Тема“ со останатите кандидати за градоналници на Центар информираше дека програмата за работа за вториот мандат е донесена заеднички со граѓаните, а како главни капитални проекти ги издвои изградбата на административната зграда, новата градинка и домот за стари […]

Герасимовски: Инвестиравме над 13 милиони евра во Центар, за градинки, училишта, улици, хигиена


Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, вчера на отворањето на промотивниот штаб во Капиштец изјави дека Центар е првата општина во држава што има формирано трговското друштво „Енергија Центар“ за производство и продажба на електрична енергија. „Први во Македонија, формиравме јавно претпријатие за енергија, и поставивме фотоволтаични системи на кровот во најдоброто училиште […]

Герасимовски: Не потрошив ниту денар за непродуктивни трошоци


Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, вчеравечер беше со жителите од населбата Крњево кадешто разговараше за идните проекти што треба да се реализираат по победата на локалните избори, стои во соопштението на кандидатот за градоначалник од СДСМ Горан Герасимовски, што МИА го пренесува интегрално. Герасимовски, потенцираше дека е намален огромниот […]

Герасимовски најавува бесплатен оброк за сите ученици


„Од наредната година, септември 2026, обезбедуваме бесплатен оброк за сите ученици во целодневна настава, со што, родителите се ослободуваат од финансиски трошоци за храната на своите деца во училиштата. Покрај тоа, на сите ученици од петто до деветто одделение им следува бесплатна неколкудневна екскурзија низ Македонија“. Ова денеска го најави кандидатот за градоначалник на Центар […]

Герасимовски засади дрвја за почеток на кампањата


Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со носителот на советничката листа Александар Савевски и сите кандидати за советници, кампањата за локалните избори ја почнаа со работа, со садење дрвја во Паркот на Франкофонијата како симболика за развој, за одржливост, за иднина, за долгорочна грижа за […]

(ВИДЕО) Герасимовски се пофали: Од депонија и диви објекти до нов паркинг за жителите на Буњаковец


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска преку кратко видео на социјалните мрежи се пофали дека од дива депонија и диво направени објекти, жителите на Буњаковец добиваат нов паркинг простор. „Од дива депонија и диво направени објекти, до нов паркинг за жителите на Буњаковец. Еве вака се работи за моите центарци“, истакна Герасимовски во натписот под видео […]

Герасимовски: Викендов прв Street Food Picnic под отворено небо во Паркот на Франкофонија


Општина Центар информира дека од 19 до 21 септември во Паркот на Франкофонија ќе се одржи првото издание на Street Food Picnic под отворено небо. Првото издание на Street Food Picnic има за цел да ја збогати културната и забавната понуда на Општина Центар, обединувајќи ја вкусната улична храна, музиката и забавата во едно големо […]

Герасимовски најави нови проекти: Дом за стари лица и еднократна парична помош од 5000 денари за пензионерите


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вчера прес-конференција најави низа нови проекти кои, како што рече, ќе бидат реализирани од следната година и се во интерес на граѓаните. Центар ќе добие дом за стари лица, во којшто највозрасните ќе можат да домуваат по субвенционирана цена, од 200 евра месечно. „Локациите се определени, моделот е поставен, се планира, […]

Атанасовски: Со победа на Герасимовски, Центар ќе биде бастионот на опозицијата


Политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски за Сител телевизија ги анализираше претстојните локални избори што треба да се одржат на 19 октомври. Во своето гостување, тој изјави дека очекува ВМРО-ДПМНЕ да победи во дел од скопските општини, со исклучок на Општина Центар кадешто повторно втор мандат би добил актуелниот градоначалник Горан Герасимовски. „Очекувам победа на Горан Герасимовски […]