ЈП „Комунална хигиена“ однела 200 м3 ѓубре од „Генералка викенд“


И оваа година, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје зема активно учество во масовната акција за чистење „Генералка викенд“, што се одржа на 8 мај. Акцијата започна на Кејот на реката Вардар, опфаќајќи ги двете страни на речното корито, при што стотици учесници во акцијата собираа најразлични видови на непрописно одложен отпад од брегот и пешачките патеки. Воедно, […]

„Генералка викенд“ во Аеродром – прозорецот стои


Неколку дена овој прозорец стои потпрен на дрвото покрај контејнерите пред ООУ „Лазо Ангеловски“, а ни денешната акција „Генералка викенд“ не успеа да го помести. Иако, градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митевски, денеска беше токму во ова училиште, од каде го означи учеството во „Генералка викенд“, не помина покрај контејнерите да го види и овој […]

Сиљановска, Хоџа, Лашкоска, Памер и Ѓорѓиевски чистеа зад Владата – поддржаа „Генералка викенд“


Повеќе од 1.000 млади, волонтери од земјава, но и од странство, ученици, вработени во јавните градски претпријатија, утрово од зад Владата на кејот на Вардар почнаа да го собираат ѓубрето како дел од акцијата „Генералка викенд“, што ќе трае во следните три дена.  Неколкуте нивоа на кејот на Вардар, барем во тој дел, изгледаа прилично […]

Официјално отворање на шестатата еко-акција Генералка викенд


Еко-акција Генералка викенд денеска официјално ќе биде отворена со прес-конференција позади Владата покрај кејот на реката Вардар. Како што се наведува во соопштението на организаторите денеска, утре и задутре по шести пат ќе се одржи годишната и најмасовната еко-акција во земјава и целиот Балкан – Генералка викенд. Додаваат дека рекордниот еко настан мобилизира десетици илјади […]

На Скопје му е потребен „Генералка викенд“, не може да е чисто по 72 часа


На 8, 9 и 10 мај низ целата држава ќе се одржи шестото издание на најмасовната еколошка акција „Генералка викенд“, која и годинава ќе мобилизира десетици илјади волонтери во обид за чистење на јавните површини и подигнување на еколошката свест кај граѓаните. Акцијата ќе се реализира истовремено на повеќе од 500 локации во околу 80 […]

Следува Генералка викенд – „Да се извалкаме и да исчистиме!“


На 8, 9 и 10 мај, по шести пат ќе се одржи годишната и најмасовната еко-акција во земјава и целиот Балкан – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД. Рекордниот еко настан мобилизира десетици илјади волонтери од 80 општини, 600 организации, јавни институции и приватни компании. Ова е најголемата логистичка операција досега за собирање отпад и подигнување на еколошката свест кај граѓаните. ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД прерасна […]

„Генералка викенд“ собра 645 илјади килограми собран отпад


Рекордно учество од 55.627 волонтери и повеќе од 645 илјади килограми собран отпад на територија на сите општини во земјава – ова се резултатите од годинешнава, петта јубилејна еколошка акција „Генералка Викенд“ која се одржа од 9 до 11 мај. Во тридневната акција беа вклучени повеќе од 600 владини и невладини организации и институции, со […]

Јаневска: Имаме одговорност да создаваме еколошки едуцирани генерации


Образовниот систем преку теми и содржини во наставните програми ги образува младите да бидат еколошки едуцирани, истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска  при учеството во акцијата  Генералка викенд во Скопје кај Скопскиот аквадукт. Во акцијата денеска се вклучија, претседателката Гордана Сиљановска Давкова,  општините и Зеднициата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС,  амбасадори, волонтери […]

Генералка викенд да прерасне во Генералка 365 дена, порача претседателката


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова порача дека генералка викенд треба да има секој ден во годината, на почетокот на акцијата за чистење отпад низ државата. Тридневната акција започна од Скопскиот аквадукт, за кој претседателката рече дека треба да биде парк. – Штитејќи ја природата се штитиме себеси, а генералка викенд треба да прерасне во генералка од […]

Собрани над 300 тони отпад од над 18.000 волонтери во Генералка викенд


Заедно со главните стратешки партнери Пивара Скопје и Пакомак, Мен енд Маунтен оваа година по четврти пат ја организираше GENERALKA WEEKEND, најголемата еколошка акција во Македонија и на Западен Балкан, во која беа собрани рекордни над 300 тони отпад. „Нашите партнери од приватниот сектор, поддржувачите во општините и институциите, училиштата, градинките, невладините организации, спортските и […]

Во „Генералка викенд 2023“ собрани 252 тони отпад, ќе се засадат најмалку 1,8 милион дрвца


Собрани се 252 тони отпад во третата еко-акција „Генералка викенд“ што од 12 до 14 мај 2023 се одржа на 304 локации во 51 општина и во Националниот парк Шар Планина. Учествувале 15 811 волонтери, меѓу кои и деца од над 300 училишта и градинки. Во просек, секој волонтер собрал по околу 16 килограми отпад. […]

​Муцунски на „Генералка викенд“: Аеродром е европска, зелена и чиста општина – наспроти вистинската слика


Oпштина Аеродром е најзелена општина во Македонија и ние секоја можност ја користиме да инспирираме промени и да повикаме на единство во остварување на заедничкиот интерес – чиста, зелена и здрава животна средина, велат од Општината, најавувајќи учество во „Генералка викенд“, што по трет пат се одржува во организација на Мен Енд Маунтен, Пивара Скопје […]

Почнува еколошката акција „Генералка викенд“


Од денеска до 14 мај во 53 општини и 450 училишта низ државава ќе се одржува еколошката акција „Генералка викенд“.  Во акцијата ќе бидат вклучени повеќе од 16 000 волонтери, а ќе се собира отпадот од локациите мапирани од секоја општина посебно. За собраниот отпад во текот на акцијата ќе се погрижат локалните комунални претпријатија, Пакомак […]

Во еко-акцијата „Генералка викенд“ собрани 185 тони отпад


 Во рамки на еколошката акција „Генералка викенд 2022“, што од 6 до 8 мај се спроведуваше во 26 општини и во Градот Скопје се собрани 185 тони отпад. Во акцијата учествувале над 7 400 волонтери, што претставува седумкратно зголемување на бројот на учесници од минатата година. – Овој собран отпад е количество што на дневно […]

Почна големата акција за чистење на Водно „Генералка викенд 2022“


Денеска започна најголемата еко-акција досега „Генералка викенд 2022“, во која претстојниов викенд во 26 општини ќе се реализираат големи акции за чистење. Градот Скопје, заедно со јавните градски комунални претпријатија со поддршка на Општина Кисела Вода и Општина Гази Баба, со над 200 волонтери кои се дел од акцијата за чистење на планината Водно, во […]

Пивара Скопје, Пaкомак и Мен енд Маунтен со досега најголема акција за чистење и пошумување во нашата земја – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2022


Пивара Скопје, Пакомак и Мен енд Маунтен (организатори на Генералка Викенд) ја најавија досега најголемата еколошка акција – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2022, што ќе се спроведува во 26 општини низ државата, вклучително и во Град Скопје. Еко-акцијата е поддржана и од Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во […]