Промоција на монографијата „Газанфер Бајрам“


Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе биде промовирана монографијата „Газанфер Бајрам“. На промоцијата што ќе се одржи во клуб МАНУ, поздравен говор ќе има претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев, а промотор на монографијата ќе биде академик Влада Урошевиќ, секретар на Oдделението за уметност на МАНУ.

„Четири елементи“ – изложба на Газанфер Бајрам во „Куќата на Уранија“


Во „Куќата на Уранија“ во Охрид вечерва ќе биде отворена изложбата „Четири елементи“, мозаици од академик Газанфер Бајрам. Изложбата ја организира Македонската академија на науките и уметностите и е дел од манифестацијата Научна и уметничка визита 2022 на МАНУ.