Апаратите ви се расипуваат таман кога ќе истече гаранцијата? ЕУ воведува нов закон за вградени дефекти
Билјана Борзан, автор и преговарач на Европскиот парламент за Законот за зајакнување на потрошувачите, на прес-конференцијата презентираше што е постигнато во текот на преговорите меѓу Европскиот парламент, Советот и Комисијата, пренесува ХРТ. Со новиот закон, најави таа, „ги казнуваме вградените дефекти, воведуваме ознака за времетраењето на уредот и забрануваме голем број лажни тврдења на пазарот“. […]