Почина раперот Кулио, најпознат по хитот „Gangsta’s Paradise“
Раперот Артис Леон Ајви Помладиот, попознат по уметничкото име Кулио, почина вчера во домот на свој пријател во Лос Анџелес, САД. Музичарот имаше 59 години. Веста за неговата смрт ја потврди неговиот менаџер. Причината за смртта сѐ уште не е откриена. Според неофицијални наводи, не постои сомневање за насилство и веројатно се работи за срцев […]