Малолетничка донесена со породилни болки – уапсена мајка ѝ


Апсење вчера попладне на скопската Клиника за гинекологија. Малолетничка донесена со породилни болки, полицијата ја уапси нејзината мајка.  – Вчера во 15:50 часот во ЈЗУ УК „Гинекологија и акушерство“ при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода 38-годишната С.К. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од установата […]

Заврши реконструкцијата на ГАК вредна 110 милиони денари


Реконструкција на трите лабаратории и платото пред влезот, набавка на современа опрема, едукација на доктори и акушерки се само дел од реализираните проекти на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во рамките на процесот на реконструкција и набавка на нова опрема. На промоцијата присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу и директорката на […]

Комисијата за стручен надзор за случајот на ГАК констатираше дека реанимациската постапка е спроведена по протокол


Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на Клиниката за гинекологија, по извршениот надзор ги донесе следните заклучоци: Врз основа на целокупната медицинска документација, исказите на медицинскиот персонал и обдукцискиот наод, Комисијата за стручен надзор заклучи дека се работи за предвремено новороденче, со тешка конатална инфекција, респираторен дистрес и нарушена белодробна функција поради […]

Следниот повеќегодишен буџет и декемврискиот Самит на ЕУ главни теми на денешниот ГАК


Предложената Повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ за периодот 2028-2034 година и подготовките за Самитот на Унијата предвиден за 18 и 19 декември, ќе бидат главни теми на денешниот состанок на Советот за општи работи (ГАК) на блокот.  Според најавите, состанокот ќе започне со дискусија за утврдување на дневниот ред на декемвриското заседание на Европскиот совет, […]

ГАК ќе расправа за подготовките на Самиот на ЕУ, следната буџетска рамка и поедноставувањето


Подготовката на претстојниот Самит на Европската Унија, Предлог-повеќегодишната финансиска рамка на блокот за периодот 2028-2034 година и пакет-мерките за административно поедноставување, ќе бидат главните теми на денешното заседание на Советот за општи работи на ЕУ во Луксембург, со кое ќе претседава данската министерка за европски работи Мари Бјере. Покрај ова, австриската министерка за министерка за […]

За пет месеци Клиниката за гинекологија ќе добие нов лик


Од денеска почна комплетното реновирање и реконструкција на амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети на Клинички центар „Мајка Тереза“ ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство во Скопје. Реконструкцијата е во износ од 29 милиони денари со што, се очекува, да се создадат услови за поефикасна дијагностика и лекување на пациентите. Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, […]

Еден од најголемите експерти во фетална медицина Николаидес Кипрос ќе едуцира доктори на ГАК


Проф. Д-р Николаидес Кипрос за првпат во Македонија ќе едуцира доктори на Клиниката за гинекологија и акушерство. Како што информираа од Клиниката ова е можност за сите доктори од Македонија да земат учество и да бидат дел од можностите што ќе ги понуди професорот Кипрос. „Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство ја прави најголемата инвестиција […]

Ирена Алексиоска Папестиев нова директорка на Клиниката за гинекологија


Ирена Алексиоска Папестиев е нова директорка на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје, потврди таа за МИА. Таа завршила Медицински факултет на УКИМ во 2006 година. Специјализација по гинекологија и акушерство завршила во 2012 година на ГАК, каде има долгогодишно работно искуство, од 2007 година. Сега била избрана за професор на Медицинскиот […]

ГАК ќе расправа за претстојниот Самит на ЕУ


Подготовките за претстојниот Самит на ЕУ закажан за 27 и 28 јуни, како и дискусијата за нацрт-заклучоците од оваа средба на шефовите на држави или влади на членките на Унијата, ќе бидат главна тема на денешното заседание на европскиот Совет за општи работи (ГАК), што ќе се одржи во Луксембург. Главни теми предвидени за Самитот […]

Акушерка ненамерно пресекла дел од прст на новороденче на ГАК


Новороденче останало без дел од прст на скопската Клиника за гинекологија и акушерство. Од Клиниката го потврдија настанот, соопштувајќи дека акушерка, вработена во ГАК ненамерно пресекла дел од палецот на бебето. -На одделот за новородени деца при ЈЗУ У ГАК – Скопје се случи немил настан, кога акушерка во текот на испис на новородено ненамерно […]

Директорката на ГАК: Ни заминуваат докторки и сестри – итно да вработиме


На денот на предвреме родените бебиња, директорката на ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство, Викторија Јовановска, апелираше под итно да се одобрат вработувања посебно за одделот за предвреме родните. Таа и министерот за здравство Фатмир Меџити се пофалија со рекордно ниски бројки на смртност кај предвреме родените. Од 74 отсто во 2017 година, годинава смртноста […]

Бебето Дуа, родено со само 520 гр, по 131 ден на ГАК, си замина дома


Добри вести стигнуваат денеска од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, од каде објавија дека девојченцето од Кичево, родено пред четири месеци, со само 520 грама родилна тежина, си замина дома, да се прегрнува со родителите.   – По 131 ден поминат на ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, малата […]

Почина родилката која скокна од прозорец на ГАК


Почина 39-годишната родилка која пред 12 дена скокна низ прозорец од првиот спрат на Клиниката за гинекологија и акушерство. Родилката починала вечерва околу 21 часот на Клиниката КАРИЛ. Жената била донесена на ГАК во 36 недела од бременоста, а по породувањето со царски рез, мајката и бебето биле во добра здравствена состојба. Детето на родилката […]

Комисија ќе го испитува случајот со родилката што скокна од ГАК


 На барање на министерот за здравство Фатмир Меџити, формирана е комисија за стручен надзор во врска со случајот со родилката Б.М од Скопје, која скокна од првиот кат на Гинекологија. Комисијата за стручен надзор е формирана откако беше извршен вонреден инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).  Министерството за здравство соопшти дека Комисијата […]

ДСЗИ на Клиниката за гинекологија утврдила пропуст за реализирање на конзилијарните прегледи


Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска соопшти дека на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје (ГАК) е констатиран пропуст во делот на реализирање на конзилијарните прегледи побарани во два наврати за родилката која пред неколку дена имаше обид за самоубиство. На Универзитетската клиника за психијатрија не се констатирани недостатоци по однос на […]

(Видео) Родилката што се фрли од прозорец на ГАК е во многу критична состојба


Пациентката е во многу критична состојба, откако вчера во 21.30 часот се фрлила од прозорецот во ходникот на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје, три дена откако се породила со живо машко дете.  Ова го потврди директорката на ГАК, на денешната прес-конференција. Како што појасни оперативниот директор на ГАК, Јетон Шаќири, пациентката на 39-годишна возраст од Скопје, […]

На ГАК во новогодишната ноќ се родиле четири бебиња


Четири бебиња се родиле во тек на новогодишната ноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Првото бебе е машко и се роди една минута по полноќ, по што на свет дошле уште едно машко и две женски бебиња. Министрите за здравство Беким Сали и за труд и социјална политика Јована Тренчевска изутрина […]

(Фото) На ГАК родено близначе во амнионска обвивка


На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, денеска беше родено женско бебе-близнак заедно со амнионска обвивка. Родилката беше со близначка бременост, а бебињата се родени во 34-та гестациска недела. Станува збор за двојајчана близначка бременост, што значи дека двете бебиња имаа засебни амнионски обвивки и засебни постелки, а породувањето беше извршено со царски […]

Бебе родено со 700 грама, по 2,5 месеци си замина дома од ГАК


По 74 дена поминати на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, со престој на неонатолошките интензивни одделенија, предвремено роденото бебе Викторија, на 18 март замина дома во добра општа состојба и со уреден наод на виталните функции. Трудницата која е прворотка беше хоспитализирана на ЈЗУ УГАК – Скопје на 27.12.2021 година. Бременоста и […]

(Во живо) Филипче во посета на ГАК во Скопје


Министерот за здравство Венко Филипче денеска ќе ја посети Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Како што е најавено, по посетата министерот Филипче ќе даде изјава за медиумите.