„Француски бакнеж“ – љубовен концерт со оркестарот на Филхармонија


  „Француски бакнеж“ е насловен концертот што вечерва ќе се одржи под диригентската палка на Џијан Емин, а како солисти ќе настапат членовите од француското трио „Ана Кап” кои воедно се и автори на музиката што ќе биде изведена. Гости на концертот се и виолистот Оливие Самуилан и вокалистката Бети Жарден, и двајцата од Франција. […]