Усвоена е Стратегија за регулаторите за финтек-секторот
Комитетот за поддршка на развојот на иновациите во финансискиот систем (Комитетот за финтек-секторот) ја усвои Стратегијата за регулаторите за финтек-секторот, којашто има за цел да обезбеди услови за поддршка на иновациите во областа на финансиите, притоа имајќи ја предвид заштитата на потрошувачите и инвеститорите и стабилноста на финансискиот систем, соопшти Народната банка на Македонија. […]