Народната банка одржа работилница за дигитализацијата на финансиските услуги и нивната примена во банкарскиот сектор
Дигиталната технологија сѐ повеќе влијае врз финансиската индустрија. Модернизацијата на плаќањата е особено изразена и зема сѐ поголем замав и во нашата економија. Според податоците од платежната статистика за 2023 година на Народната банка, забележано е зголемување на безготовинските платежни трансакции од 16%, во споредба со 2022 година, односно 87 трансакции по глава на жител. […]