Финансискиот имот на домаќинствата лани се зголемил за 9,3 отсто, најмногу во последните десет години


  Со постпандемичното закрепнување на економијата што придонесе за стабилизирање на пазарот на трудот и раст на расположливиот доход, ризиците кај секторот „домаќинства“ се задржаа во контролирани рамки, со благо намалување во текот на 2021 година, соопшти Народната банка. Според Централната банка, финансискиот имот на македонските домаќинства минатата година бележи номинален раст, највисок во изминатите […]