Јаневска: Речиси 56 отсто од населението е финансиски писмено, преку изборни предмети ќе се подобрува состојбата


Истражувањето „Анализа на финансиската писменост во основното образование“, спроведено од Бирото за развој на образованието, покажува дека учениците имаат познавање за базичните поими, но немаат доволно познавање за она што би требало да се нарече применување на познатите поими во животот, односно применување на таа финансиска писменост. За жал, и според ОЕЦД, речиси 56 отсто […]

Ангеловска-Бежоска пред Студентското собрание: Финансиската писменост ја намалува сиромаштијата за 2 до 3 п.п.


„Само финансиски едуцирани лица можат да носат издржани финансиски одлуки за штедење, задолжување и за инвестирање од кои ќе зависи и нивната иднина. Има емпириски истражувања коишто покажуваат дека дури половината од доходовната нееднаквост помеѓу луѓето во светот произлегува од разликите во финансиската писменост. А доходовната нееднаквост во изминативе кризни години, по повеќе децении намалување, […]

Панел: Финансиски едуцирано население носи економски развој 


Министерството за финансии има активна улога во подигнување на свеста за значењето на финансиската писменост. Заедно со Народната банка, Агенцијата за супервизија на осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување и Комисијата за хартии од вредност, подготвија Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија 2021-2025 година со цел зајакнување на вештините на населението […]

Денови на финансиска писменост


Од денеска до 28 ноември ќе се одржува осмото издание на Деновите на финансиската писменост во организација на Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување. Народната банка информира дека Деновите на финансиската писменост ќе бидат организирани главно […]

Натпревар и завршна конференција за финансиска писменост за млади претприемачи


Во просториите на Универзитетот „Св.Апостол Павле“ во Охрид денеска Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија ќе спроведе натпревар во финансиска писменост за млади и завршна конференција. Натпреварот е во рамки на проектот „Финансиска писменост за млади претприемачи – ФинЈес“, поддржан и кофинансиран од Американската амбасада во Скопје. Целта на конференцијата е промоција на резултатите од проектот, […]

Осигурителната индустрија се обединува за подигање на нивото на финансиска писменост


  Сите 17 осигурителни компании, Националното биро за осигурување и уште 25 осигурително-брокерски друштва на иницијатива на Агенијата за супервизија на осигурување (АСО) ги здружуваат силите и ги координираат активностите за зголемување на нивото на финансиска писменост во осигурувањето.  За таа цел овие 42 компании од осигурителната индустрија и регулаторот на пазарот АСО склучија меморандум […]

Финансиската писменост го намалува ризикот од прекумерно задолжување и неможноста за отплата на обврските


Една од лекциите научени од Глобалната финансиска криза во 2008 година е дека соодветната финансиска писменост на населението претставува предуслов и за стабилноста на целиот финансиски систем, бидејќи го намалува ризикот од прекумерно задолжување и неможноста за отплата на обврските кон финансиските институции. Со оглед на тоа дека финансиската стабилност е една од целите на […]

Да се штеди или да се инвестира: Едукативен семинар на Берзата за подобрување на финансиската писменост


„Заштеди и инвестирај за подобра иднина“ беше темата на едукативниот настан по повод Светскиот ден на штедењето, кој се одржа вчера во Скопје во организација на Македонска берза АД Скопје и Капитал финансиски центар. -Обуката беше наменета за индивидуалци и правни лица кои сакаат да ги заштитат своите пари од инфлација и практично да научат […]

Финансиската писменост е највисока во Шведска, Данска, Холандија и Словенија


  Само 18 отсто од граѓаните на ЕУ имаат висока финансиска писменост, која вклучува финансиско знаење и однесување, средна 64 отсто, а останатите 18 отсто ниска, покажаа резултатите од истражувањето на Евробарометар објавено во вторникот. Европската комисија (ЕК) соопшти дека има големи разлики меѓу земјите членки. Само четири земји од ЕУ можат да се пофалат […]

НБРМ одржа 150 предавања за финансиска писменост на младите


Народната банка спроведе засилени активности во доменот на финансиската едукација преку изведување обуки за учениците, спроведување едукативни презентации, едукативни материјали, натпревари, квизови и објави на едукативни содржини и во учебната 2022/2023 година. Народната банка ја заокружи годината со изведени над 150 едукативни предавања за јакнење на финансиската писменост и инклузија, со голем број учесници, меѓу […]

Продолжува Проектот за финансиска писменост


  Продолжува јакнењето на капацитетите на Народната банка и финансиските регулатори (Министерство за финансии, Комисија за хартии од вредност, Агенција за супервизија на осигурувањето и Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување) во полето на финансиска едукација, преку соработка со еминентни финансиски институции, соопшти НБ. Започнува втората фаза на Проектот за финансиска писменост на […]

Нацевска: Преку финансиска едукација до унапредување на финансиската вклученост и премостување на родовиот јаз


   „Повисокото ниво на финансиска писменост придонесува кон повисока вклученост на населението во финансискиот систем, а со тоа и кон побрз економски развој. Подобро едуцираните и информираните клиенти подобро управуваат со личните финансии и придонесуваат кон финансиската стабилност, којашто исто така е предуслов за поголема финансиска вклученост. Оттаму, преку финансиската едукација може да се придонесе […]