Филозофското друштво на Македонија распиша конкурс за награди „Константин Филозоф“ за 2026 година
Филозофското друштво на Македонија (ФДМ) распиша конкурс за доделување награди „Константин Филозоф“ за 2026 година, со цел оддавање признание за постигнувања и значаен придонес за развојот на филозофијата во нашата земја. Наградите, како што соопшти денеска ФДМ, се доделуваат во три категории: за животно дело, за филозофска книга на годината и за млад филозофски истражувач. […]