Вицепремиерот Битиќи во посета на винаријата „Лазар“ во Кавадарци


Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска ќе ја посети винаријата „Лазар“ во Кавадаци, каде ќе присуствува на настан по повод претставување на успешните проекти поддржани во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност. На настанот ќе присуствува и заменик шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, […]

Во првите 48 часа АДА има услужено 1.321 граѓанин


  Првиот дигитален асистент во јавниот сектор базиран на вештачка интелигенција, АДА, во првите 48 часа од лансирањето услужил 1.321 граѓанин, соопшти вицепремиерот Фатмир Битиќи на неговиот фејсбук профил. „Транспарентност, ефективност и ефикасност е целта која ја сакавме и која се постигнува со АДА веќе во првите 48 часа од нејзиното лансирање“, вели Битиќи. Тој објави […]

Избрзани решенија за платите на функционерите може да донесат штета, вели Битиќи


Ставот на Владата околу укинувањето на двете одредби за висината на платите на јавните функционери е јасен – Владата има дадено негативно мислење, испратено до Уставен суд во кое укажува дека Уставниот суд не треба да ја прифати иницијативата и дека треба да остане на претходните одредби, да не ги укине, рече вечерва вицепремиерот за […]

Битиќи: Увозот на работна сила не е долгорочно решение, но на фирмите им се потребни работници веднаш


 Увозот на работна сила не може да биде долгорочно решение во ниту една земја, но економијата не може да чека со години на долгорочни решенија, туку и е потребна работна сила веднаш, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Во одговор на новинарско прашање по обраќањето на регионалната конференција на тема: „Како да се […]

Битиќи за потребата од преквалификација: Некои работни места од пред 30 години веќе не постојат


Тие што сметаат дека нашата држава дава подобри услови за живот, ќе го најдат патот, исто како нашите сограѓани кои веруваат дека поквалитетен живот можат да најдат во Западна Европа, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, одговорајќи на новинарско прашање во врска со увозот на работна сила во земјава. Според него, долгорочните решенија, […]

За да останат конкурентни, на компаниите ќе им бидат потребни и работници од странство, вели Битиќи


  Привлекување работници од странство или доквалификација на домашните работници треба да се прави за да не се влоши состојбата со недостиг на работен кадар, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи по посетата на компанијата за производство на стакло „Глас Флекс“ во Тетово. Ова, како што нагласи Битиќи, треба да се прави за македонското […]

Укинати царинските давачки за тестенините, цените на храната ќе продолжат да се намалуваат


Инфлацијата бележи опаѓање, тренд што започна во октомври и тоа е убава новина што сите ја гледаме, а во следниот период очекуваме и намалување и цените на млекото и млечните производи, изјави вечерва вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. – Економските движења укажуваат дека има активности со кои инфлацијата паѓа и што е добра информација […]

Битиќи – Батерс: Стопанските комори активно да се вклучат во евроинтегративните процеси на земјата


Македонските комори, а пред се Стопанската комора на Северна Македонија, која е рамноправна членка на „Еурочембрс“, треба активно да бидат вклучени во евроинтегративните процеси на земјата, оценија на денешната средба во Брисел вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и извршниот директор на „Еурочембрс“, Бен Батерс. Како што соопшти […]

Битиќи: Праведната транзиција кон обновливи извори на енергија е свесен и совесен избор за секоја влада


  Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска преку видео врска се обрати на Конференцијата поврзана со праведната енергетска транзиција и како производството на енергија базирано на јаглен постепено ќе биде заменето со обновливи извори на енергија и капацитети за складирање на истата, како и импликациите врз енергетската […]

Битиќи: Клучот на опстојноста и растот на економиите на регионот е во градењето доверба


  Потпретседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи изјави дека за економски напредок на Западен Балкан е неопходна соработката и заедничкиот настап на државите од регионот, јави дописникот на МИА од Приштина. Во своето обраќање на меѓународната конференција „Самит на земјите од Западен […]

Битиќи: Клучните причини за миграцијата доаѓаат од недовербата во институциите


Од 2011 до 2019 година од нашата држава се одлеале 700 илјади наши сограѓани или скоро секој четврти заминал од државата. Иако тој тренд се намалил во ковид периодот, за жал, тоа претставува сериозен проблем, не само за носителите на јавни функции и за креаторите на политиките туку за целото општество, вели вицепремиерот за економски […]

Битиќи: Соработката и солидарноста е патот во справување со климатските промени


  Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи се обрати на отворањето на Втората конференција за глобално програмирање на Зелениот климатски фонд, што од денеска до четврток се одржува во Инчеон, Република Кореја. – Не е само енергетската криза што влијае на повеќето економии на земјите во Европа, туку се […]

Битиќи: Нема потреба од ребаланс за најавените зголемувања на минималната плата и пензиите


Нема потреба од ребаланс за најавените зголемувања на минималната плата и пензиите бидејќи за тоа се обезбедени средства, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. – И за минималната плата и за пензиите не треба да се прави ребаланс. Тие се веќе испланирани во Буџетот. За пензиите, Фондот на ПИОМ има обезбедено средства за […]

До 2026 година минималната плата ќе биде 22.000 денари, вели Битиќи


Имаме проекции до 2026 како ќе се движи минималната плата. Сепак, тоа се проекции кои се поставуваат на ниво на различни макроекономски фактори. До 2026 година, минималната плата ќе биде 22.000 денари само со усогласување, без никакво интервенирање, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој во емисијата „Утрински брифинг“ го поздрави вчера постигнатиот […]

Во јануари почнува втората фаза на Националната развојна стратегија 2021-2041


Завршена е првата фаза од подготовката за Националната развојна стратегија 2021-2041, а веќе во јануари се очекува да почне втората фаза. Овој документ за долгорочна развојна стратегија треба да даде јасна визија за тоа во кој правец ќе се движи државата во следните 20 години. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервјуто за МИА […]

Битиќи: Комисиите со Бугарија се важни, клучно е железничката инфраструктура да профункционира час поскоро


Комисиите за економија и за инфраструктура што ги предлага бугарскиот премиер Кирил Петков се важни за да се унапреди економската соработка, оценува вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во предновогодишното интервју за МИА. – Склон сум да кажувам дека соработката треба да доаѓа на природен начин, но кога тоа не е  возможно, тогаш мора да […]

Вицепремиерот Битиќи на средба со компании со технолошко-напредно производство


Владата останува отворена за соработка со сите чинители во општеството за креирање на најдобрите можни решенија кои ќе донесат одржлив и побрз економски развој на земјата, порачал вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи на денешната редовна средба со Асоцијацијата на странски компании со технолошко-напредно производство. На состанокот, како што […]

Битиќи спремен да продолжи во Владата предводена од Ковачевски


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи е поготвен да остане во новата влада која се очекува да ја предводи лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Оваа негова изјава доаѓа откако министрите за одбрана, Радмила Шеќеринска и за образование, Мила Царовска се изјаснија дека донеле одлука да не бидат дел од идниот владин состав. „Јас сум спремен […]

„Паметната специјализација“ ќе ги издвои секторите со најголем потенцијал за развој и за одржлив раст


Стратегијата за „паметна специјализација“ е особено важна за нашата држава, бидејќи со неа ќе се издвојат секторите со најголем потенцијал за развој, кои ќе станат поддршка односно драјвери за сите други сектори во економијата, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на денешниот работен состанок за Стратегијата за […]

Битиќи: Соработката ќе го позиционира регионот како атрактивна дестинација за нови иновативни инвестиции


Иновациите отвораат нови врати, пришто се отвораат големи можности кои привлекуваат нови инвеститори, се креираат нови работни места и се генерираат дополнителни приходи за националните економии, но и за целиот регион на Западен Балкан, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, на отворањето на првиот регионален „Иновациски бизнис форум Пеперутка“ (Butterfly Innovation and Business Forum), […]