Полска и Романија ја загубија тужбата. Мора да му платат на Фајзер 1,9 милијарди евра


Белгиски суд во среда пресуди дека Полска и Романија мора да ги преземат и платат вакцините против КОВИД-19 од американскиот фармацевтски производител Фајзер. Вкупната вредност на нарачаните вакцини е 1,9 милијарди евра (2,2 милијарди долари), објави Ројтерс. Фајзер покрена судска постапка против Полска и Романија кон крајот на 2023 година за да ги принуди да […]

„Фајзер“ и „Ново Нордиск“ ја интензивираат борбата околу компанијата за лекови против дебелина „Метсера“


Борбата меѓу фармацевтските компании „Фајзер“ и „Ново Нордиск“ околу купувањето на фирмата за развој на лекови против дебелина „Метсера“ се интензивираше, откако двете заинтересирани страни дадоа поповолни понуди. Американската корпорација „Фајзер“ ја зголеми својата понуда од првичните 7,3 милијарди долари на 8,1 милијарда долари, но самата „Метсера“ објави дека данскиот гигант „Ново Нордиск“ во моментов […]

„Фајзер“ и Трамп постигнаа договор за намалување на цените на лековите


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти објави дека фармацевтската компанија „Фајзер“ ќе ги намали цените на сите лекови на рецепт за Американците со ниски примања кои се дел од програмата „Медикејд“. Како дел од договорот, компанијата ќе продава нови лекови по најповолни цени какви што важат во другите развиени земји, во замена за изземање од […]

Европскиот суд ќе пресуди за пораките на Фон дер Лајен со директорот на „Фајзер“


Европскиот суд денеска ќе донесе одлука дали Европската комисија била во право кога одби да ги објави текстуалните пораки меѓу претседателката Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на производителот на вакцини „Фајзер“ Алберт Бурл. Тужбата ја поднесе „Њујорк Тајмс“ и нивната новинарка Матина Стивис-Гриднеф, тврдејќи дека Комисијата ги прекршила правилата за транспарентност откако одби […]

Фајзер прекина развој на лек против обезност поради можно оштетување на црниот дроб


Фармацевтската компанија Фајзер денеска го запре развојот на лек против обезност, откако беше откриено дека учесник во тестирањето на лекот претрпел оштетување на црниот дроб, што е потенцијално поврзано со лекот. Компанијата соопшти дека ќе престане да го проучува „дануглипрон“ откако еден учесник во едно од испитувањата доживеал оштетување на црниот дроб предизвикано од лекови. […]

„Фајзер“: Антимикробната отпорност убива 1,3 милиони луѓе ширум светот секоја година


Во светот, околу 1,3 милиони луѓе годишно умираат од антимикробна резистенција (АМР), односно отпорност на телото на антибиотици, и поради тоа, Генералното собрание на Обединетите нации донесе декларација со која се предвидува намалување на смртноста за 10 отсто до 2030 година, соопшти денеска фармацевтската компанија „Фајзер“, по повод Светската недела за подигање на свеста за […]

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на „Фајзер“


Европските обвинители истражуваат потенцијални кривични дела во врска со преговорите за набавка на вакцина против коронавирус меѓу претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“, потврди портпаролот на обвинителството во Лиеж. „Уништување СМС, корупција, конфликт на интереси…“ Инспекторите на Европското јавно обвинителство (ЕJO) ја презедоа истрагата од белгиските обвинители во […]

Намалената побарувачка за вакцината против корона ги преполови приходите на „Фајзер“


Американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ (Pfizer) во вторникот објави дека го завршил вториот квартал со половина од приходите од истиот период минатата година поради послабата побарувачка за нејзината вакцина и лек за КОВИД-19. Во периодот од април до јуни, приходите на „Фајзер“ беа половина од истиот период минатата година, и паднаа на 12,73 милијарди долари. Американскиот […]

ЕУ и „Фајзер“ конечно постигнаа договор за вишокот вакцини против корона


Европската унија и фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтех“ денеска објавија дека постигнале договор за измена на договорот за набавка на вакцини против Ковид-19, со што се намалува количината што ЕУ мора да ја купи и се поместува рокот за испорака до 2026 година, но деталите од договорот не се познати. Договорот меѓу двете страни беше […]

ЕУ има вишок вакцини за Ковид-19, „Фајзер“ нуди да ги плати половината


„Фајзер“ и „Бионтек“ ѝ предложија на Европската унија, која има вишок вакцини против Ковид-19, земјите-членки да платат половина од цената, или околу 10 евра, за секоја од околу 70 милиони откажани дози, објави денеска Фајненшл тајмс. Ројтерс во јануари објави дека се водат разговори меѓу ЕУ и двата производители на лекови со цел да се […]

„Фајзер“ купува компанија која развива терапија за лекување рак


Фармацевтската компанија „Фајзер“ е во процес на преговори за купување на биотехнолошката компанија „Сајџин“ (Sygene), која работи на развој и комерцијализација на целни терапии за лекување на рак и чија пазарна вредност е околу 30 милијарди долари. „Фајзер“ е во рана фаза на преземање на производителот на лекови „Сајџин“, објави Вол Стрит Журнал во неделата […]

„Фајзер“ лани, од вакцини, заработи 57 милијарди долари


  Американскиот фармацевстски џин „Фајзер“ соопшти дека 2022 година ја заклучил со највисок приход откако е основан благодарение на вакцините и лековите за корона висруот, предупредувајќи воедно дека се очекува послаб резултат оваа година поради попуштање на заразата и залихите. Приходот на „Фајзер“ лани порасна за 23 отсто, на 100,3 милијарди долари. Кога ќе се […]

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа


 Американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ денеска соопшти дека ќе инвестира повеќе од 2,5 милијарди долари во производство на лекови во Европа за да го надомести изгубениот приход по истекот на патентите за некои лекови и падот на продажбата на вакцината против „Ковид-19“. Фајзер планира да потроши повеќе од 1,2 милијарди евра за проширување на фабриката во […]

„Фајзер“ очекува 34 милијарди долари приходи од вакцините, планира зголемување на цените во САД


Американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ соопшти дека има пад во приходите во третиот квартал, во услови на остар пад на продажбата на својата вакцина против Ковид-19, но ја зголеми проценката за годинашниот приход од вакцините на 34 милијарди долари. Од јули до септември приходите на американскиот гигант паднаа за шест отсто, на 22,64 милијарди долари. Нето […]

ЕМА: Обилната менструација е можен несакан ефект на вакцината мРНК против Ковид-19


  Одборот на Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска препорача обилно менструално крварење да се додаде на листата несакани ефекти од вакцината мРНК против Ковид-19 произведена од Модерна, како и од партнерите Фајзер и БиоНТек. Извештаи за обилни менструации – крварење кое се карактеризира со зголемен волумен и/или времетраење што го попречува квалитетот на животот […]

Фајзер ја зголемува цената на вакцината против Ковид во САД


  Американскиот фармацевтски гигант Фајзер очекува четирикратно да ја зголеми цената на вакцината против Ковид-19 во САД, на 110 до 130 долари по доза, откако ќе заврши актуелната владина програма за набавки, изјави извршната директорка Ангела Лукин. Американската влада во моментов плаќа околу 30 долари по доза, а се очекува пазарот да се префрли на […]

Директорот на Фајзер, Бурла позитивен на Ковид-19


   Главниот извршен директор на компанијата Фајзер, Алберт Бурла денеска информираше дека е позитивен на Ковид-19 и оти има многу благи симптоми. Шеесетгодишниот Бурла појасни дека почнал терапија со употреба на компанискиот лек против Ковид-19, Пакловид. Како што тој додаде, согласно мерките на претпазливост за јавно здравје, се наоѓа во изолација. Бурла е уверен дека […]

ЕУ сака да ги измени договорите со „Фајзер“ за да се намалат испораките на вакцини за Ковид-19


Белгија– Владите на Европската унија го засилија притисокот врз Фајзер и другите производители на вакцини повторно да преговараат за договорите, предупредувајќи дека милиони дози вакцини кои повеќе не се потребни ќе пропаднат. За време на најтешката фаза на пандемијата на коронавирусот, Европската комисија и европските влади, стравувајќи од недостиг, се согласија да купат големи количини вакцини, […]

Црна Гора уништува 80.000 дози вакцини против Ковид-19


  Во Црна Гора ќе бидат уништени 80.000 дози вакцини против вирусот корона поради истек на рокот на траење, соопштија од подгоричкиот „Монтефарм“. До крајот на јуни, од истата причина и со досегашното темпо на вакцинација, може да бидат пратени на уништување повеќе од 100.000 дози вакцини „фајзер“. Од околу милион дози вакцини од различни […]

Фајзер очекува годишен приход од 54 милијарди долари од вакцината и таблетите против Ковид-19


Американскиот фармацевтски гигант Фајзер ги потврди проценките за годишните приходи од вакцината и таблетите против Ковид-19, првпат откако се пуштени во продажба. Компанијата соопшти дека очекува 22 милијарди долари од продажбата на антивирусните апчиња Паксловид оваа година. Досега истакнаа дека оваа проценка се заснова само на мал дел од нивните производствени капацитети годинава. Приходите од […]