Турција распореди пет Ф-16 во Естонија за мисијата на НАТО за воздушна полиција


Турција распореди пет борбени авиони Ф-16 и нивните екипажи во Естонија како дел од мисијата на НАТО за воздушна полиција, соопшти денеска турското Министерство за одбрана. „Како дел од зајакнатата мисија на НАТО за воздушна полиција, завршено е распоредувањето на пет авиони Ф-16 и нивниот персонал во воздухопловната база Емари во Естонија, каде што ќе […]

Украина собори руски борбен авион за прв пат користејќи „Ф-16“


  Украинските вооружени сили соборија руски борбен авион за прв пат користејќи „Ф-16“, објави генерал Ден Кејн, шеф на Здружениот штаб на американските вооружени сили. „Неодамна бевме сведоци на првиот судир воздух-воздух во кој украински ‘Ф-16’ собори руски борбен авион. Во текот на изминатите неколку години, благодарение на поддршката од многу партнери, Украина значително го […]

Грчки Ф-16 принудно слета на Закинтос и се запали (видео)


Гr;ki воен авион Ф-16Ц изврши принудно слетување на меѓународниот аеродром Закинтос и се запали, објавија локалните медиуми. Станува збор за борбен авион на грчките воздухопловни сили кој полетал од воздухопловната база Араксос во близина на Патра. Според првичните информации, пилотот морал да изврши принудно слетување поради пожар во авионот по полетувањето. Пожарот е изгаснат, пилотот […]

Романија купува 18 борбени авиони за едно евро


Романското Министерство за одбрана потпиша договор со холандската влада за купување 18 борбени авиони за, како што велат, „симболична цена од едно евро“. Романското министерство потпиша договор со холандската влада за купување 18 борбени авиони F-16 Fighting Falcon со опрема, објави на Фејсбук романскиот министер за одбрана Јонут Муштеану. Тој објасни дека авионите ќе се […]

Украина загуби уште еден авион „Ф-16“ во инцидент


  Украина утрово загуби борбен авион „Ф-16“ поради невообичаена ситуација на него. Пилотот се катапултирал, соопштија украинските воздухопловни сили, цитирани од Ројтерс. „Според прелиминарните податоци /…/ се појавила необична ситуација во авионот. Пилотот го насочил авионот подалеку од блиската населба и успешно се катапултирал“, се вели во соопштението на воздухопловните сили на платформата Телеграм. Според […]

Украина доби француски борбени авиони „Мираж“ и холандски ловци „Ф-16“


Франција денеска и ги испорача на Украина првите борбени авиони „Мираж“, а, исто така, денеска од Холандија доби и борбени ловци „ Ф-16“, објавија официјални лица во Киев. Францускиот претседател Емануел Макрон во јуни минатата година вети дека украински пилоти ќе бидат обучени за управување со авионите „Мираж 2000“, што беше чекор напред во воената […]

Врвен украински пилот загина кога се урна авионот „Ф-16“


  Врвен украински пилот загина кога во понеделникот се урна борбен авион „Ф-16“ од американско производство, само неколку недели откако долгоочекуваните авиони пристигнаа во земјата, изјави за Си-Ен-Ен извор од украинската војска. Украинските одбранбени сили не веруваат дека зад инцидентот стои грешка на пилотот, додаде изворот. Пилотот Олексиј Мес, познат како „Месечева риба“, загина во […]

Украина ги добила првите борбени авиони Ф-16 кои ги бараше со месеци, тврдат американски претставници


 Украина ги доби првите суперсонични повеќенаменски борбени авиони Ф-16 што ги бара со месеци за да се спротивстави на руските ракетни напади, потврди американски претставник за американските медиуми. Киев со месеци бара од своите западни сојузници авиони Ф-16, тврдејќи дека тие се потребни за соборување на проектилите што се истрелуваат од Русија врз украинска територија. […]

Киев реагира на најавата од Белгија дека ќе испорача 30 авиони Ф-16 дури во 2028 година


Белгија најави дека ќе префрли 30 авиони Ф-16 во Украина, но датумот за испорака до крајот на 2028 година, е неприфатлив за Киев, изјави за Радио Слобода, Игор Зовква, помошник на украинскиот претседател Володимир Зеленски. – Навистина ни требаат авионите. Имаме соодветни изјави од нашите партнери за бројот на авиони. За жал, во некои земји […]

Првите авиони „Ф-16“ тргнаа кон Украина, ќе бидат во борба уште ова лето


  Првите борбени авиони „Ф-16“ се на пат за Украина и ќе летаат летово, се вели во соопштението на холандската и данската влада, објавено од Белата куќа на самитот на НАТО. Дик Схоф, холандскиот премиер и Мете Фредериксен, неговата колешка од Данска, рекоа дека „процесот на трансфер“ на „Ф-16“ во Киев е во тек по […]

Белгија испраќа 30 авиони Ф-16 во Украина


Белгија ќе се заложи за снабдување на Украина со триесет борбени авиони Ф-16, а првите испораки се планирани за оваа година, објави новинската агенција Белга, повикувајќи се на министерот за одбрана Хаџа Лахбиб. Ова беше најавено неколку часа пред украинскиот претседател Володимир Зеленски да се сретне со белгиските власти. Како што претходно најави белгиската влада, […]

Првата група украински пилоти ја завршија обуката во САД за управување со Ф-16


Првата група воени пилоти од Украина поминаа обука за Ф-16 во воена база во Аризона. Ова го соопшти портпаролката на ВВС на американската Национална гарда, Ерин Ханиган, пренесе Политико. „Пилотите беа на обука во 162-та база на воздушната национална гарда во Тусон“, рече Ханиган. Портпаролката не прецизираше колку украински воен персонал бил дел од групата, […]

Киев веќе годинава ќе добие Ф-16 од Холандија


Холандија веќе оваа година ќе и обезбеди на Украина борбени авиони Ф-16, изјави Олександар Карасевич, амбасадор на Украина во Холандија. – Холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен неодамна соопшти дека Украина годинава ќе добие борбени авиони Ф-16 од Холандија. Знаеме точно кога холандските борбени авиони ќе бидат подготвени да преминат во Украина, но тоа секако […]

Белгија започнува со обука на украински пилоти за управување на Ф-16


Белгиски воени пилоти заминуваат за Данска, каде што ќе обучуваат украински пилоти да управуваат со борбени авиони Ф-16, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на белгиското Министерство за одбрана. Планирано е во Данска да се испратат два белгиски борбени авиони, како и вкупно околу 50 вработени во белгиското Министерство за војна. Украинската војска ќе биде обучена […]

Холандија ќе и испорача 18 авиони Ф-16 на Украина


Холандија ќе и испорача 18 борбени авиони Ф-16 на Украина за да помогне во борбата против руската инвазија, соопшти денеска холандската Влада. „Денеска го информирав претседателот Зеленски за одлуката на нашата влада да ги подготви првите 18 борбени авиони Ф-16 за испорака во Украина. Испораката на Ф-16 е еден од најважните елементи во склучените договори […]

Во Романија почнува обуката на украинските пилоти на ловците „Ф-16“


Во Романија почнува обуката на украинските пилоти за летање со американски борбени авиони „Ф-16“, соопштија романскиот министер за одбрана Ангел Талвар и неговиот холандски колега Каиса Олонгрен, јави ДПА. Двајцата го отворија Европскиот центар за обука на Ф-16 (ЕФТЦ) што се наоѓа во воздухопловната база Борча, во близина на Фетешти, на 150 километри источно од […]

Резников: Авионите Ф-16 ќе бидат распоредени против Русија до пролет


Украина очекува борбените авиони Ф-16, што треба да и ги испорачаат сојузниците, да бидат оперативни и распоредени против Русија до следната пролет, изјави украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников. Во интервју за украинската државна новинска агенција Укринформ, Резников рече дека пилотите мора да бидат обучени за авионите, а треба да се подготват и инфраструктура, објекти […]

Украина нема да може да користи борбени авиони Ф-16 годинава


Украина нема да може да користи американски борбени авиони Ф-16 наесен или в зима оваа година, изјави синоќа портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Ихнат. -Веќе е очигледно дека нема да можеме да ја одбраниме Украина со борбени авиони Ф-16 на есен и зима, потенцира Ихнат во програма емитувана на Украинската телевизија. Украина постојано ги […]

Данска подготвена да ѝ испорача на Украина борбени авиони Ф-16


Данска е „отворена“ за обезбедување борбени авиони на Украина за да ги поддржи нејзините воени напори против руската инвазија, изјави денеска данскиот министер за одбрана Тролс Лунд Поулсен, јави телевизијата „Де Ер“. „Не би исклучил дека во одреден момент можеби ќе треба да ја разгледаме можноста за обезбедување борбени авиони“, рече вршителот на должноста министер […]

Бугарија купува од Америка осум борбени авиони од типот Ф-16


Бугарија–  Соединетите држави одобрија продажба на осум борбени авиони од типот Ф-16 на Бугарија со цел да се зајакне безбедноста на оваа членка на НАТО за време на војната што Русија ја води во Украина, се вели во соопштението на Стејт департментот. Стејт департментот а го информирал Конгресот за својата намера да ги продаде овие […]