Лагард: ЕЦБ е подготвена да ги употреби своите инструменти за одржување на финансиската стабилност во еврозоната


 Европската централна банка (ЕЦБ) е подготвена да ги употреби своите инструменти за одржување на финансиската стабилност во еврозоната и има долгогодишно искуство во развивање нови алатки кога е неопходно за справување со шоковите што се појавуваат, изјави денеска претседателката на финансиската институција Кристин Лагард. „Европската централна банка ја набљудува (ситуацијата) и секогаш е подготвена да […]

Мал раст на БДП и на вработеноста во еврозоната и ЕУ


Во четвртиот квартал од 2024 година, БДП порасна за 0,2 отсто во еврозоната и за 0,4 отсто во Европската унија (ЕУ) во однос на претходниот квартал, според проценката објавена од Евростат. Во третиот квартал од 2024 година, БДП порасна за 0,4 отсто во двете зони. Споредено со истиот квартал од 2023 година, БДП порасна за […]

Еврозона: Втор последователен годишен пад на индустриското производство минатата година


Според Евростат, во декември е забележан пад на обемот на индустриското производство во еврозоната, како на годишна основа, така и во однос на претходниот месец. Индустриското производство се намали за календарски приспособени 2,0 отсто во споредба со декември 2023 година и за сезонско и календарски приспособени за 1,1 отсто на месечна основа. Годишниот пад е […]

Годишната стапка на инфлација во еврозоната во октомври се зголеми на два отсто


Годишната стапка на инфлација во еврозоната според прелиминарната проценка се зголеми од септемвриските 1,7 отсто на два отсто во октомври, соопшти денеска Евростат. Во октомври цените на енергенсите се намалија за 4,6 отсто на годишно ниво, со побавно темпо од септември кога се намалија за 6,1 отсто. Спротивно на тоа, цените на услугите во еврозоната […]

Бугарија: Ништо од еврозоната


Бугарија нема да влезе во еврозоната и да стане полноправна членка на Шенген зоната до 2026 година, се наведува во извештајот на аналитичарите на британски Економист. Според нивните августовски прогнози, главниот проблем на Бугарија во моментов е политичката нестабилност. Бугарија технички би можела да го усвои еврото до 2025 година доколку земјата има стабилна влада […]

Олимписките игри ја поттикнаа економската активност во еврозоната


Економската активност во еврозоната се подобри во август на највисоко ниво во последните три месеци. Подобрувањето се должи на неодамна завршените Летни олимписки игри во Париз, иако останува загриженоста за новите нарачки и економското расположение, според истражувањето на аналитичката компанија S&P Global и Hamburg Commercial Bank (HCOB). Индексот на менаџери за набавка (PMI) се зголеми […]

Годишната стапка на инфлацијата во еврозоната во јули е потврдена на 2,6 отсто


Годишната стапка на инфлација во еврозоната се зголеми во јули од јунските 2,5 на 2,6 отсто, во согласност со претходната прелиминарна проценка, објави денеска Евростат. Во јули цените на енергенсите се зголемија за 1,2 отсто на годишно ниво, со значително забрзување во однос на јунските 0,2 отсто, а индустриските производи за 0,7 отсто, со исто […]

Државниот долг достигна 88,7 отсто од БДП во еврозоната и 82,0 отсто во ЕУ


На крајот на првиот квартал од 2024 година, односот на бруто-долгот на општата влада во однос на БДП во еврозоната изнесуваше 88,7 отсто, во споредба со 88,2 отсто на крајот на четвртиот квартал од 2023 година, покажуваат податоците на Евростат, заводот за статистика на Европската унија, објавени денеска. Во ЕУ, односот исто така се зголеми […]

Компаниите во еврозоната очекуваат платите да се зголемат за 3,3 отсто во текот на следната година


Компаниите во еврозоната очекуваат платите на работниците да пораснат за 3,3 отсто во следните 12 месеци, покажа денеска објавеното истражување на Европската централна банка (ЕЦБ). Процентот е помал во споредба со претходното истражување од пред три месеци, кога компаниите очекуваа раст на платите од 3,8 отсто во еврозоната. Компаниите исто така ги намалија очекувањата за […]

Во март еврозоната забележа трговски суфицит од 24,1 милијарди евра


Според првите прелиминарни проценки, еврозоната во март забележала суфицит од 24,1 милијарди евра во стоковната трговија со остатокот од светот, објави денеска Евростат. Вредноста на стоките извезени од еврозоната во остатокот од светот во март 2024 година изнесува 245,4 милијарди евра, што е за 9,2 отсто помалку во споредба со истиот месец лани. Евидентиран е […]

ЕЦБ: Геополитичките тензии ја загрозуваат стабилноста на еврозоната


Геополитичките тензии и несигурноста на политиките во годината во која има многу избори во светот претставуваат ризици за финансиската стабилност на еврозоната, предупреди денеска Европската централна банка (ЕЦБ). Во својот полугодишен преглед на финансиската стабилност, ЕЦБ нагласи дека условите се подобрени од нејзината последна проценка. „Краткорочниот ризик од длабока рецесија придружена со зголемена невработеност – […]

Еврото може да биде во неволја, еве зошто


Можноста Европската централна банка да отстапи од Федералните резерви за намалување на каматните стапки веројатно ќе биде „особено негативна“ за 20-члената еврозона, според еден економист. ЕЦБ се чини дека е на пат да ги намали каматните стапки во јуни, со исклучување на какви било големи изненадувања, а неодамнешните податоци за инфлацијата оттогаш го потврдија случајот […]

ЕЦБ: Домаќинствата во еврозоната сѐ помалку позајмуваат од банките


Домаќинствата во еврозоната се помалку се задолжуваат кај банките, ова е заклучокот од извештајот на Европската централна банка (ЕЦБ) за монетарните движења во март, објавен денеска. Банкарските заеми за домаќинствата во еврозоната пораснаа за 0,2 отсто на годишно ниво во март, забавувајќи се од 0,3 отсто во февруари, според ЕЦБ. Како што произлегува од податоците, […]

Грција, Италија, Франција имаат најголем јавен долг во еврозоната…


На крајот на четвртиот квартал од 2023 година, јавниот долг на земјите од еврозоната падна од 89,9 отсто во претходниот квартал на 88,6 отсто, објави Евростат. Во Европската унија, јавниот долг на крајот на четвртиот квартал од 2023 година изнесува 81,7% од БДП, што претставува намалување од 0,7 процентни поени во однос на претходниот квартал. […]

Годишната стапка на инфлација во ЕУ во март се намали на 2,6 отсто, лани била 8,3 отсто


Годишната стапка на инфлација во Еврозоната во март годинава изнесуваше 2,4 отсто, што претставува намалување за 0,2 процентни поени во однос на претходниот месец, кога таа изнесуваше 2,6 проценти. И на ниво на цела ЕУ, годишната стапка на инфлација минатиот месец се намали за 0,2 процентни поени на 2,6 отсто од 2,8 проценти колку што […]

Економијата на еврозоната стагнираше во четвртиот квартал од 2023 година


Според првата прелиминарна проценка, економијата на еврозоната стагнираше во четвртиот квартал од 2023 година во однос на претходниот квартал, објави денеска Евростат. Економијата на Европската Унија во истиот период порасна за 0,1 отсто. Во четвртиот квартал од минатата година, германската економија забележа квартален пад од 0,3 отсто, француската економија стагнираше, додека шпанската економија порасна за […]

Домаќинствата во еврозоната се помалку позајмуваат од банките


Домаќинствата во еврозоната се помалку позајмуваат кај банките, е заклучокот од новиот извештај на Европската централна банка (ЕЦБ) за монетарните движења во декември. Заемите од банките за домаќинствата во еврозоната во декември пораснаа за 0,3 отсто на годишно ниво, што е најбавна годишна стапка на раст од март 2015 година, се наведува на веб-страницата на […]

Годишната инфлација во еврозоната 5,2 отсто, најниска е во Данска 2,3 отсто


Според конечните податоци, годишната стапка на инфлација во еврозоната во август изнесуваше 5,2 отсто, објави денеска Евростат. Овој резултат е помал од прелиминарната проценка од 5,3 отсто, а инфлацијата во еврозоната сега е најниска од јануари 2022 година. Во август 2022 година, стапката на инфлација во еврозоната беше 9,1 отсто. На месечно ниво, инфлацијата во […]

Евростат: Еврозоната во август со стапка на инфлација од 5,3 отсто


Годишната стапка на инфлација во Еврозоната за минатиот месец е проценета на 5,3 отсто, со што таа остана непроменета во однос на јули годинава, соопшти денеска Европската статисичка служба – Евростат. Ваквите првични проценки на Евростат за августовската инфлациска стапка, означуваат дека успорува трендот на намалување на инфлацијата во Еврозоната започната од април, кога таа […]

Во јуни еврозоната забележа трговски суфицит од 23 милијарди евра


 Еврозоната забележа трговски суфицит од 23 милијарди евра во јуни, објави денеска Евростат. Според првата прелиминарна проценка, еврозоната во јуни извезла стоки за 252,3 милијарди евра, 0,3 отсто повеќе во споредба со минатиот јуни, а увезла стоки за 229,3 милијарди евра што е за 17,7 отсто помалку отколку во јуни минатата година. Во истиот период […]