Алиу: Во Брисел го потпишавме договорот за учество во EU4Health – европска поддршка за реформите во здравството
Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со еврокомесарот за здравство, Оливер Вархеј, денеска во Брисел го потпишаа договорот за учество на Република Северна Македонија во програмата EU4Health, најголемата програма на Европската Унија во областа на здравството. На свеченото потпишување, министерот Алиу истакна дека пристапувањето кон EU4Health претставува значаен чекор во европската интеграција на македонското здравство […]