ДЗС здоби уште два пилота за гасење пожари – летото ќе го дочекаме со вкупно пет


ДЗС се здоби со два нови пилота за гаснење пожари на отворено, со што сега има вкупно пет во Дирекцијата . На предлог на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, два нови пилота успешно ја завршија преобуката во Шпанија за дејство со противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС со што се […]

Извршени првите тренажни летови со „Ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување


 Пилотите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) денеска ги извршија првите тренажни летови со противпожарните авиони „Ер трактор“ на Дирекцијата. Како што соопшти директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, пилотите работеле на тестирање на маневри и оперативни процедури за брзо реагирање при појава на пожар на отворен простор. Со тренажните активности, додаде тој, била проверена […]

Сервисиран и вратен еден „ер трактор“ за гасење пожари


Денеска, еден воздухоплов „ер трактор“ (Air Tractor AT-802A Fire Boss – Z3-BGV) за гаснење пожари, на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), беше вратен на меѓународниот аеродром „Скопје“, по завршувањето на годишната инспекција – сервисирање, соопшти ДЗС. Тоа се остварува според Техничката спецификација во договорот и дополнителните и/или нерутински (непредвидени) задачи и услуги од страна […]

ДЗС со само еден функционален авион кој интервенира во Прилеп


Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) моментално има само еден функционален авион „Ер трактор“ од трите што ги поседува, информира директорот на ДЗС, Џеват Селами. Според него, иако пред три дена биле повикани механичари од Шпанија да ги поправат авионите, проблемите со опремата повторно се појавиле следниот ден. „Едниот авион треба да се сервисира, а […]

Два турски „ер трактори“ и еден хеликоптер се вклучуваат во гаснењето на пожарите


Два турски авиони за гаснење пожар „ер трактори“ и еден хеликоптер се вклучуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија земјава.  Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов информира дека тие рано утрово слетале на аеродромот во Скопје. Двата турски „ер трактори“ заедно со два „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување […]

Двата „Ер трактор“ авиони на ДЗС се вклучуваат во гаснењето на пожарите во Неготинско


Двајцата пилоти на Дирекцијата за заштита и спасување ги поминале процедурите потребни пред секое полетување и авионите ер трактори се упатени кон гаснење на пожарот во Неготинско, информира директорот на ДЗС Беким Максути. Според правилата пропишани од Европската асоцијација за цивилно воздухопловство (ЕАСА), пилотите пред секој лет прават меѓусебна контрола за нивната психичка и физичка […]

„Ер тракотрите“ ќе полетаат – Владата ги врати пензионираните пилоти


На денешната седница, Владата даде согласност на Дирекцијата за заштита и спасување, со договор на дело да ги ангажираат двајцата пензионирани пилоти на Ер трактори. Утре рано претпладне со нив ќе биде потпишан договор на дело. Веднаш потоа Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе ја тргне забраната за летање и „Ер тракторите“ на ДЗС ќе може […]

Три „ер трактори“ на ДЗС ќе го гаснат пожарот во кумановско Бељаковце каде изгоре и куќа


Три „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување се вклучуваат во гаснењето на пожарот во кумановско Бељаковце. Во пожарот кој избувна вчера по 16 часот изгоре и куќа. Пожарникарите од Куманово и Старо Нагоричане со три екипи го гасат пожарот. – Пожарот кој вчера започна во атарот на село Бељаковце, Општина Куманово, беше активен […]

Ангелов: Подготвени сме, сите три противпожарни авиони ќе бидат функционални ова лето


Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов истакна дека надлежните институции се подготвени и искоординирани за можноста од пожари по високите температури. -Вчера одржавме координација на која учествуваа сите институции кои имаат надлежност во гасење на шумски пожари, се искоординиравме, донесовме неколку заклучоци и имаме намера во понеделник или вторник да ја информираме јавноста за бројот на […]

Пожарот кај Фурка се уште активен, интервенираат „Ер трактор“ и полициски хеликоптер


Пожарот кај селото Фурка и браната Паљурци, помеѓу општините Дојран и Богданци се уште е активен. Од изутрината координирано дејствуваат пожарникари и вработени на шумските стопанства од Гевгелија, Дојран, Кавадарци, Валандово и Струмица, информираат од ЦУК. Заради зголемените дневни температури, интензитетот на пожарот и точките на горење се зголемија во средината на денот, заради што […]

ДЗС е подготвена за евентуални пожари, „ер тракторите“ ќе бидат во функција


  Дирекцијата за заштита и спасување е подготвена за справување со евентуални пожарни претстојната летна сезона, потврди денеска директорот Беким Максути. По предавањето донација од опрема за спасување од урнатини и тешки сообраќајни незгоди и поплави на противпожарните единици во Охрид и Струга, одговарајќи на новинарско прашање за подготвеноста на спацијалните авиони за гаснење пожари […]

Ангелов: Очекуваме пожари и летово, на располагање годинава ќе имаме и хеликоптер на МВР


Со оглед што и ова лето нема многу врнежи очекуваме повторно да има пожари, се надевам не во обем како минатата година, но градоначалниците треба да бидат подготвени самите да се справат, барем со почетниот удар кога ќе се појави пожар, веднаш потоа да бараат поддршка од соседните општини, а понатаму доколку тоа не е […]

Едниот авион за гасење пожари не е вратен од сервис, другите два не се ни заминати


  Официјалната „сезона“ на пожари уште не почнала, а во Македонија во последниот месец регистрирани се околу 140 пожари, од кои два прилично сериозни со материјални штети. Кога лани на Илинден избувна голем пожар во околината на Кочани, сите функционери од прославата во Крушево заминаа директно таму да помогнат во гасењето. Другиот ден избувнаа големи […]