На Филолошкиот факултет промоција на две македонистички изданија на Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта


Промоција на две македонистички изданија на Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта, ќе се одржи денеска напладне во салата за седници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, при УКИМ. Станува збор за зборници на трудови во издание на Катедрата за славистика при Институтот за славистика и балтичка филологија, објавени во реномираната едиција „Opera Slavica Budapestinensia (Linguae Slavicae)”. Приредувач […]