Негувателката од Велес која им давала електронски цигари на децата доби забрана за работа во професијата


Основниот суд во Велес постапувајќи по поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство, донесе првостепена пресуда против негувателка во градинка која им давала електронски цигари на децата. -Вработената е огласена за виновна бидејќи на децата им давала да пробаат електронска цигара и Судот и изрече условна осуда, како и споредна казна забрана за вршење професија дејност […]

Во Белгија од 1 јануари забрана за продажба на еднократни „вејпови“


 Со цел да се заштитат младите, ќе биде забранета продажбата на еднократни „вејпови“, кои се фрлаат по употреба бидејќи нивните батерии не можат да се полнат и траат до пет дена кога се користи уредот. Компанијата „Паф“ (Puff Bar), која произведува дел од тие уреди чија продажба ќе биде забранета, има широк спектар на вкусови […]

Велика Британија ќе ги забрани електронските цигари за еднократна употреба


Велика Британија ќе ги забрани електронските цигари за еднократна употреба, популарни меѓу младите поради нивните овошни вкусови, но кои ги загрижуваат лекарите и здравствените власти, соопшти денеска владата во Лондон. Забраната е дел од поширокиот план за борба против пушењето кој минатата есен го објави британскиот премиер Риши Сунак. – Еден од најзагрижувачките трендови во […]

Создаваат голема зависност: Потврдено е дека електронските цигари не се без никотин


Истрагата на лондонскиот дневен весник Гардијан откри дека електронските цигари, т.н вапси, кои се продаваат на платформата Амазон како „без никотин“ ја содржат оваа супстанца која создава голема зависност. Тестирани се седум производи од интернет маркетот, за кои на веб-страниците на продавачите било наведено дека не содржат никотин, но во шест производи е утврдено дека […]

Франција планира да ги забрани електронските цигари за еднократна употреба


Франција планира да ги забрани електронските цигари за еднократна употреба, изјави денеска француската премиерка Елизабет Борн на радио станицата РТЛ. -Тоа е важно јавно здравствено прашање, рече Борн, додавајќи дека Владата подготвува планови за национална програма за борба против потрошувачката на тутун, за која рече дека е одговорна за 75 илјади смртни случаи годишно во […]

Двојно зголемен бројот на деца кои користат електронски цигари во Велика Британија


Во Велика Британија, бројот на деца кои користат електронски цигари двојно се зголеми изминатите две години, предупреди докторката Керолин Џонсон, конзервативна пратеничка и квалификувана општа лекарка, јави ДПА. За време на деловната дебата во Долниот дом, Џонсон констатираше дека „светлите бои“ и „популарните ароми“ ги привлекуваат младите, иако овие уреди им се забранети. Како што […]

Несогорливите производи од тутун и електронските цигари може да се користат и во затворено


На вeчерашната седница на Владата беше прифатено мислењето на Министерството за здравство за доследна примена на Законот за заштита од пушењето, каде несогорливите тутунски производи и уредите за нивно загревање, како и електронските цигари не спаѓаат под забраната за пушење од член 3 став 1 од Законот за заштита од пушењето, односно истите може да […]