„Форд“ ќе произведува 500.000 електрични пикапи годишно


Новата фабрика на „Форд“ во Западен Тенеси ќе може да произведува до 500.000 електрични пикапи годишно со полн капацитет, објави компанијата. Американскиот производител на автомобили во септември 2021 година соопшти дека ќе изгради фабрика за батерии на локација од 1,46 илјади хектари во Стентон, североисточно од Мемфис. Изградбата на локацијата BlueOval City започна минатата година. […]